Нова пожарна станица, реконструкција на кино Милениум и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје
2Нова пожарна станица, реконструкција на кино Милениум и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје
ТенисСинер се изедначи со Алкараз по поминати недели како број 1 на АТП ранг-листатаЈаник Синер го стигна карлос Алкараз по број на седмици како светски тенисер број 1.Дваесет и тригодишниот Италијанец е на врвот на ВТА листата веќе 36-та недела. Тој на лидерското место се искачи на 10 јуни 2024 година и оттогаш останува таму. Алкараз го држеше првото место неколку периоди, вклучувајќи 20 и 11 недели по ред. Синер и Алкараз се изедначени на 16-то место по најмногу недели како светски број 1. Илие Настасе е пред нив 40, Енди Мареј на 14-тото има 41, Густаво Куертен на 13-тото со 43. Рекордот му припаѓа на Новак Ѓоковиќ, кој 428 недели беше бр. 1 во светот. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нови поскапувања на храната и раст на трошоците за живот, вистината е дека народот нема париЛагите на Мицкоски за наводните економски успеси и за тоа дека Македонија е трета економија во Европа се целосно разобличени.Вистината е дека граѓаните живеат сè потешко, дека имаат сè помалку пари во џебовите затоа што сè е поскапено. Платите не растат доволно за да го следат поскапувањето, а нема ниту нови мерки за заштита на животниот стандард. Последните официјални статистички податоци тоа јасно го потврдуваат. Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 4,8 проценти во однос на истиот месец лани, додека цените на мало пораснале за 5,6 проценти. Храната, сметките, превозот и секојдневните трошоци стануваат сè поголем товар за семејните буџети. Реалноста е дека синдикалната потрошувачка кошничка расте, а куповната моќ на граѓаните опаѓа. Бројките се немилосрдни и ја кажуваат вистината: животот е поскап, животниот стандард е понизок, а граѓаните се посиромашни отколку пред една година. Доста е со лагите. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова пожарна станица, реконструкција на кино Милениум и планетариумот дел од ребалансот на Град СкопјеСо овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти .Советниците во Советот на Град Скопје на денешната, 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Посебен акцент се става на реализацијата на проектите од областа на културата, како што се реконструкцијата на киното „Милениум“, обновата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и реконструкцијата на Планетариумот во МКЦ, проекти од особено значење за нашиот град во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе ја носи титулата „Европска престолнина на културата“. Пред советниците, меѓу другото, денеска ќе се најде и Предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2026 – 2028 година, според кој се одобруваат средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Со изградбата на новиот објект се очекува зголемување на брзината на реакција на пожарникарите за технички интервенции, спасување човечки животи и ефикасна заштита од пожари во урбана средина и на отворен простор.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Конгресот на СДСМ - “ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“.Но реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква - празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина. Таканаречените „6 столба“ претставени во рамки на новата платформа, наместо да понудат суштина и јасна насока, делуваат како 6 празни политички флоскули без реална содржина и без поткрепа за испорачување резултати. Слоганот на конгресот „Твоја држава, твоја шанса“, во тој контекст, неизбежно отвора прашање пред граѓаните: колку од тие шанси навистина беа искористени во периодот кога СДСМ ја имаше целосната политичка одговорност и каков е реалниот биланс од тие политики денес?! Во политичкиот период кој го оставија зад себе, секоја шанса која ја имаа пред себе беше пропуштена, а нивните политики завршуваа со одлуки кои ја ослабуваа државната позиција, националниот интерес и ја нарушуваа довербата во институциите. Контрастот меѓу политичките слогани и реалноста е преголем за да се игнорира. Пораките како „Живот за сите“, „Нема правда-Нема мир“ останаа во јавноста како симбол на големи очекувања, но и како симбол на неиспорачани резултати и разочарани граѓани, додека привилегиите и користа од нив, се концентрираа во тесни политички и фамилијарни кругови блиски до Заев и Филипче. Граѓаните не забораваат како и на кој начин двоецот Филипче-Заев се стекнаа со златните визи, не ги забораваат луксузните крстарења и забави во Дубаи, не ги забораваат контроверзиите околу набавките на вакцините, ниту пак, ги забораваат големите ветувања за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата кои останаа без вистинска разрешница. Денешната политичка комуникација само ја продолжува истата матрица, со нови формулации, но со ист ефект. За жал, денес СДСМ, од некогашна државотворна политичка партија, се повеќе наликува на структура која ги губи сопствените политички контури и јасен национален компас. Наместо да биде фактор на внатрешна кохезија и државен интерес, делува како политички гласноговорник на Бугарските наративи и влијанија. Во таков амбиент, се отвора прашањето дали партијата која некогаш ја носеше тежината на државотворноста, денес навистина ја води сопствената автономна политика или пак постепено се претвора во структура и политички агент, кој сè почесто ги рефлектира и артикулира ставовите блиски до наративите на Румен Радев, наместо јасно да ги брани и застапува државни интереси. Македонија помина низ премногу искушенија за повторно да биде убедувана дека старите политики можат да се претстават како нова надеж. Историјата не ги памети оние што најгласно зборувале за вредности, туку оние што имале храброст да ги претворат во дела и да ја стават државата пред партијата и личните интереси. Граѓаните денес не бараат нови слогани, популистички лаги обвиткани во платформа за обединување, туку одговорност, резултати и стабилни институции. За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска. Во таа насока, нашата политика и нашите заложби се насочени кон заштита на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес. Само така може да се гради европска Македонија, држава со достоинство, стабилност и јасна самосвест. ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter