Симеоне за поразот од Еспањол: Овој резултат треба да ни помогне да се подобриме - Канал 5

Симеоне за поразот од Еспањол: Овој резултат треба да ни помогне да се подобриме

 Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е разочаран од изданието на неговите фудбалери на синоќешниот натпревар со Еспањол.

Симеоне за поразот од Еспањол: Овој резултат треба да ни помогне да се подобриме

Атлетико во првото коло од новата сезона во Ла Лига, синоќа на гости загуби со 2:1 и покрај водството што го имаше на полувреме.

- Прво, резултатот ни штети на сите. Ни треба поголема имплементација во нападот. Можевме да постигнеме и втор гол не но го сторивме тоа. Затоа пак, противникот добро ги искористи своите шанси, прво постигнувајќи гол од прекин, а потоа реализира и во финишот и ни ја одзеде шансата за победа или нерешен резултат. Овој пораз треба да ни помогне да се подобриме и да растеме, изјави Симеоне за „АС“.

Во следното коло, Атлетико ќе игра против Елче дома на 23 август, додека Еспањол ќе игра против Реал Сосиедад на гости еден ден подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала

Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија.

Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала

Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 4.0. соопшти Сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје,земјотресот е почувствуван од жителите на градот струга и околината, со интензитет од три степени според европската макросеизмичка скала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија.

Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“.

Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи.

Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради.

Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила .

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила се додека официјално не бидат добиени три последователни исправни лабораториски анализи кои ќе ја потврдат нејзината безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер