Владата е дом на сите граѓани на Македонија, а следствено и на 1/3 од вкупното население, во овој случај Албанците. Секоја заедница може да го користи своето знаме, кои се дел од преамбулата на оваа држава, како турското, бошњачкото, влашкото, ромското, египетското итн.
Државното знаме на Македонија е почитувано од сите и затоа сите треба да ги почитуваат соодветните симболи. Таканаречениот српски етноцентризам се појавува како црн облак над нашата земја, и е лош знак, затоа запрете ги експериментите врз државата која секој ден се повеќе се обидувате да ја поделите и разедините. Засукајте ги ракавите и работете за иднината на оваа земја, доста со постизборна кампања.
Кренар Лога, генерален секретар на Алијанса за Албанците