Силјановска Давкова: Ваква солидарност немало досега - Канал 5

Силјановска Давкова: Ваква солидарност немало досега

Во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани“ голем број личности од политичкиот и од јавниот живот гостуваат во програмата , додека паралелно се одвива донирањето саредства за настраданите и нивните семејства.

Силјановска Давкова: Ваква солидарност немало досега

Мојата порака е да ги оставиме конфликтите, недоразбирањата, уште малку да се воздржиме за да ги решиме овие најголеми проблеми што се појавуваат, да сториме се за да не дозволиме вакво нешто повторно да се случи, да извлечеме поуки за функционалното, нефункционалното, да градиме здрав систем, функционален. Не е важно кој ќе биде на власт. Мојата порака е да ја санционираме неодговорноста секогаш кога треба, да ги инспирираме младите, да ги задржиме, да возвратиме на помошта со помош, да изградиме подобар свет и дома и во соседството и надвор.

Оваа порака вечерва ја упати претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава на ТВ Канал 5 за време на донаторската вечер со телефонски јавувања за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани што се случи на 16 март и во кој загинаа 59 лица, а повеќе од 190 беа повредени.

Сиљановска Давкова рече дека во тагата, во несреќата ние се концентрираме на најважните предизвици, а тоа покажува дека она за што се расправаме е споредно и дека ако се однесуваме како луѓе, човечки ќе ги решаваме сите работи.

- Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, да не бидеме специфични, да не бидеме оригинални, во демократија оригиналност не е потребна, предвреме да се подготвиме, не секогаш постфестум да реагираме, да учиме уште од градинка како да се однесуваме кон заканите, кон катастрофите. Така ќе бидеме подготвени. Никогаш нема да прежалам дека во мој мандат се случило ова. Тоа е не само моја политичка и лична траума, тоа е национална траума, рече претседателката.

Сиљановска Давкова оцени дека она што ја изненадило била меѓусоседската и европската солидарност, но исто така дека и домашниот одговор бил соодветен.

- Би сакала на сите да ви се заблагодарам за човечкиот однос. Мислам дека нашите новинари деновиве, особено во оној ужасен ден на закопот се однесуваа достоинствено, мислам дека и политичките партии се однесуваа достоинствено, мислам дека луѓето се однесуваа достоинствено и децата се однесуваа возрасно, рече претседателката.

На прашањето дали изразила сочувство до семејствата на загинатите и дали ги контактирала, таа рече дека не сака да одговара на тоа, но дека била во Кочани, дека била во сите болници... но подалеку од очите на јавноста.

-Апсолутно и кажувам дека тоа е однос меѓу мене и меѓу луѓето на кои им треба човечки збор, збор на мајка, а статусот претседател нема никаква врска. Најдобрата работа што ја направивме е толку многу луѓе да заминат надвор. Тоа беше постигнато уште утрото со лекарите заедно кога од сите страни веќе доаѓаа повредени и кога ние свативме дека многу подобро е да ги убедиме луѓето да заминат надвор бидејќи ни најголема држава не може да се справи со ваков проблем а не ние, рече Сиљановска Давкова.

Со јавување на телефонскиот број 02 30 91 560 ќе можете да поразговарате со нашите гости од политичкиот , општествениот, здравствениот и јавниот живот. На бројот за донации 143 400 и на жиро-сметката на Црвениот Крст ќе можете да донирате финансиска помош.

Сите вработени во нашата компанија како и целата нација изразуваме сочувство до семејствата кои беа погодени од огромната трагедија.

YouTube video

Движењето ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

 Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.

Движењето ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово, како дел од кампањата „Заедно знаеме повеќе“ во насока на подготовки за локалите избори.

Од Движењето ЗНАМ соопштија дека целта е раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, коишто ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување

со општинските буџети, соопшти паријата.

Од партиското ртаководство, покрај Димитриевски присуствувале и организацискиот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска.

Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, синоќа во 21:20 часот го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово.

Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0.

Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.

Во првиот натпревар екипите одиграа нерешено 1:1, па така со вкупни 4:1 Милан се пласираше во финалето.

Вториот финалист ќе биде одреден вечер по натпреварот Болоња - Емполи (прв натпревар – 3:0).

притисни ентер