„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
Веб ТВОдложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземањеFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаТошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена. – Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено. – Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје. Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-БриониОхрид денеска е политички центар на Балканот. Претпладнево претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги пречекаа претседателите од регионот кои учествуваат на состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони. Афродита Рамос е во Охрид, ја имаме во живо. Афродита што беше кажано за завршната прес-конференција? Целиот извештај погледнете го во видеото. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземањеСо видливи модринки на лицето 26 годишната Сара Ѓорѓиеска се појави во Основниот суд во Охрид, каде што требаше да започне судењето против нејзиниот партнер 31 годишниот Кристијан Корабоски за насилство. Но обвинетиот не беше спроведен во судницата а според инфрмациите се наоѓал во притворскиот дел во судот. Сепак судењето беше одложено. Пред почетокот на рочиштето одбраната барала изземање на судијката која го води случајот Александра Поп Стефанија, што било одбиено. Но по барањето за изземање на сите обвинители од ОЈО Охрид треба да одлучи ВЈО Битола со што ниту еден обвинител не може да постапува во овој предмет и ново рочиште судот закажа за 1 декември. Обвинетиот Кристијан Корабоски не беше спроведен во судницата. Од судот подоцна образложија дека тој се наоѓал во притворското одделение на судот поради изолација, бидејќи во салата за судење се наоѓала Сара Ѓорѓиеска која е оштетена. -Во салата за судење не беше присутен обвинетиот К.К истиот се наоѓаше во притворското одделение на Судот, а поради изолација, бидејќи оштетената С.Ѓ беше присутна во судницата,- -Основен суд Охрид. Нејзиниот адвокат барањата на одбраната ги оцени како обид за одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста. Во врска со отсуството на обвинетиот од судницата, Шајн рече дека Сара не била прашана дали може да присуствува на рочиштето, туку дека тие инсистирале таа да биде присутна. -Сметам дека заради одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста која ја има обвинетиот Кристијан Корабоски. Видовте не беше присутен во судницата. Тој беше присутен во судот во притворското одделение. Требаше да биде присутен во судницата како што е присутна оштетената. Дали беше прашана оштетената дали сака да биде присутна во судница. Оштетената Сара не ја прашаа, ние инсистиравме да биде присутна, да си ја каже вистината за целокупниуот настан бидејќи правда мора да има за овој случај. изјави – Ѓоко Шајн – Адвокат. Сепак, во официјалното соопштение на охридскиот суд не е наведено дали одлуката на судијката Поп Стефанија, обвинетиот Кристијан Корабоски да се соочи со Сара се однесува на целата главна расправа или само на денешното рочиште. Според обвинението Кристијан Корабоски се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, сторени при вршење семејно насилство. Настанот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во домот на обвинетиот, а продолжила во автомобилот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook