Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Шведска и формално го почнува патот кон НАТО. Шефицата на дипломатијата Ан Линде го потпиша барањето за влез во Алијансата, со што стави крај на децениската воена неутралност на Стокхолм.

-Чувството е многу големо, чувството е сериозно. Се чини дека дојдовме до заклучок што е најдобро за Шведска , изјави Ан Линде, министерка за надворешни работи на Шведска.

Апликацијата е испратена до НАТО, а процесот до официјално членство може да потрае и до една година. Освен неизвесноста од реакција на Русија, Шведска и Финска сега се исправени и пред предизвикот од турското вето, кое неколку дена жестоко го најавува Анкара, а која тврди дека двете нордиски земји се дом за згрижување на курдските милитанти и за нив не може да има место во Алијансата. Следната недела шведска делегација патува во Турција за да издејствува турско „да“, но Ердоган вели залудно е.

-Во понеделник ќе дошле во Турција. Ќе дојдат ли за да не убедуваат? Се извинувам, но нека не се мачат. , изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на Твитер напиша дека е сигурен оти со Турција ќе се најде заенички јазик и дека нема да има одложување на процесот за Шведска и Финска. Русија пак ја стишува првичната реторика. Министерот за надворешни работи Лавров смета дека нивното членство само по себе не е проблематично, туку евентуалното ширење на воената НАТО инфраструктура на нивна територија.

-Финска, Шведска и други неутрални земји со години учествуваат во воените вежби на НАТО. Затоа, во оваа смисла, веројатно нема голема разлика. Но, да видиме како всушност нивната територија ќе биде искористена од Северноатлантската алијанса, па ќе донесеме заклучоци, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Официјално барање за членство се очекува да поднесе и Финска, откако попладнево парламентот треба да ја потврди таквата одлука.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

притисни ентер