Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино - Канал 5

Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино

 Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолошки инжинери од Неготино.

Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино

Животната приказна на штркот, кој беше згрижен по пад од гнездо во обид да го направи првиот лет во животот, е полна со емоции. Таа е доказ дека се уште има човечко во луѓето и оти постои посебна пријателска хемија помеѓу љубителите на природата и екологијата и останатиот животински свет.

Се почнало пред неколку месеци, кога ова младо штркче изглегло од родителското гнездо, со намера да лета низ небесната шир, како и останатите членови од птичјото семејство. Но, од непознати причини, наместо во царството на небесните височини, тоа завршило на улица, удирајќи во асфалтот. Паднало од гнездото по неуспешниот прв лет.

– Не знаеме како и зошто дошло до падот. За среќа, штркчето останало живо, иако со видливи повреди. Мештани кои живеат во тој дел на градот близу до нас, се погрижиле младата птица да не биде изедена од некое животно или згазена од автомобил. Една недела штркчето беше згрижено од соседите. Знаејќи дека на неготинска територија долги години функционира регионалното Здружение на граѓани за заштита на природата, „Ековита”, тие го донесоа повреденото душиче кај нас. Ја презедовме грижата за него, раскажа претседателот на Здружението, Сашко Тодоров, за МИА.

Следувал период на рехабилитација и заздравување.

– Јас и мојата сопруга Маја сме дипломирани инжинери биолози и направивме се што беше во рамки на нашите можности, да му помогнеме на штркчето да си ја врати силата и да биде во форма. Со месеци редовно го храниме и го негуваме. Во почеткот не можеше да лета, а додека заздравуваше штрковите заминаа за југ, тоа остана во Неготино. Ќерката Кристина, му го даде името Симо. Се обидовме да го сместиме во соодветна институција кадешто би можело да биде во друштво на други животни и птици, но не успеавме во тоа. Затоа одлучивме привремено да остане кај нас, на сигурно, да го негуваме до пролет и тогаш да го пуштиме во природата, кога ќе дојдат преселните птици а со нив и штрковите, од топлите краишта. Ако сега го пуштиме, времето е студено и нема да може да се снајде, па може да умре без храна. Во семејниот двор друштво му прават нашите кучиња и тие веќе се спријателија со него. Симо веќе порасна и може да лета. Нека пукне пролет, па слободно ќе може да биде таму, каде што судбината го одредила неговото постоење, ми раскажа Тодоров.

Додека да дојде пролет, Симо редовно добива храна, љубов и внимание.

– Има специфично мени, бидејќи е месојадна птица, одгледуваме различни видови инсекти со цел да му обезбедиме природна свежа храна, со цел на пролет самостојно да продолжи да живее, дециден беше Тодоров.

Тој појасни дека штрковите се нежни, мирни, друштвени и грациозни животни, а не се плашат многу од човекот.

– Ние Симо го прифативме кај нас дома како член на семејството. Живееме до парк каде редовно го пуштаме да се истрча и да полета малку. Со својата појава, тој е атракција, особено за децата кои имаат можност во живо да видат штрк. Можете да се уверите дека тој веќе некое време е главен фраер во нашето маало, додаде екологистот.

Навистина, на средбата со Симо, имав чувство како да позира пред мојата камера./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Пациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска.

Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош.

На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејство

Има само 15 години, но во момент кога три човечки животи биле во опасност, покажал храброст и човечност на која може му се восхитуваат и многу повозрасни од него. 

15  годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејство

Младиот битолчанец Михаил Николовски стана вистински херој на плажите во грчко летувалиште, каде успеал да помогне во спасувањето на тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во Егејското Море.

Драмата која за среќа завршила со среќен крај благодарение на младиот Михаил се случила на плажата во Олимпијада, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот.

Иако повиците за спас на тричленото семејсво во морето го привлекле вниманието на луѓето на плажата, додека присутните немо гледале што се случува, петнаесетгодишниот Михаил без размислување за својот живот решил да реагира, влезе во разбрануваното море и ги спаси човечките животи.

-Јас бев во плиткото до колена, и наеднаш жена почна панично да бара помош, помош, помош. И јас се врам наоколку низ плажа да видам дали луѓе дали ќе реагираат но видов дека никој не реагира. И така одма скокнав и испливав накај жената да ја спасам да ја однесам накај плиткото. Одма испливав, ја фатив жената видов дека е со перниче и видов дека е со дете и нејзиниот маж таму. И одма ја однесов во плиткото и одма после тоа се вратив накај дететто. Го извадив детето надвор исто како и жената и малце бев уморен и веднаш тргнав накај таткотко – вели Николовски.

Кога опасноста конечно поминала, следувала сцена која Михаил веројатно долго ќе ја памети. Присутните на плажата почнале да аплаудираат и да го извикуваат неговото име, објаснува со трепет во својот глас неговата мајка Јасна Николовска.

-Многу беше се на брзина, се беше хаотично меѓутоа можеше многу страшно да биде. Јас искрено не можев да се соберам од плачење, од гордост што чуствувам, какво дете сум израснала, какво е солидарно. Тој не промисли во ниту една минута за опасноста што него го демнееше. Ја искористи неговата сила, тој е снажен 185 има 95 кила го искористи тоа за да помогне некому – вели Николовска.

Аплаузите од плажата набрзо се преселија и на социјалните мрежи каде приказната за 15-годишниот ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола се споделува со пофалби за неговата храброст и присебност во момент кога биле загрозени човечки животи.

Самиот Михаил, сепак, за својот потег зборува скромно. Вели дека чувствувал страв и дека во првите моменти по спасувањето не бил целосно свесен што направил.

-Се уплашив, но не се уплашив доволно за да ме спречи нешто, објаснува младиот битолчанец.

Во свој коментар за Канал 5 мајката на Михаил, Јасна откри дека нејзиниот син добил и подарок од семејството од Бугарија – маска за нуркање, која тој со задоволство ја примил и која секогаш ќе го потсеќа на овој надчовечен храбар чин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан Милошески

Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно?

СДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан Милошески

Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата - тоа не важи?

Христијан Мицкоски денеска тврди дека за Дејвид Гета и сите настани по повод 35 години независност потрошиле „нула денари“ од буџетот.

Сè било организирано со поддршка на „општествено одговорни компании“.

Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата - лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги.

Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.

Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата - тоа се пари на граѓаните.

Нема „нула денари“.

Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг.

Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци - има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“.

Мицкоски, граѓаните не се идиоти.

Гледаат каде одат парите.

И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер