3Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
ЖивотШто наследи Чарлс од кралицата Елизабета ВтораНовиот британски ќе ги поседува сите лебеди и риби есетра во Обединетото Кралство, што е само дел од неговото шарено наследство. Принцот Чарлс со 73 години е најстариот човек кој некогаш го презел британскиот трон. Тој стана крал Чарлс III по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, но доби и разнобојно наследство. Новиот крал на Велика Британија ќе патува без пасош и ќе вози без дозвола, а ќе ги поседува сите лебеди во Англија и можеби ќе ја продолжи традицијата двапати годишно да го слави својот роденден. Британскиот монарх не владее само со народот. Од 12 век, лебедите на отворени води низ Англија и Велс се сметаат за сопственост на Кралевите и Кралиците. Секоја година, кралските права се остваруваат и на делови од реката Темза, каде што се бројат лебедите во согласност со традицијата која сега стана мерка за заштита. Ова се однесува и на рибата есетрата, делфините и китовите во британските води. Кралот Чарлс го наследува не само тронот, туку и приватното богатство на кралицата Елизабета, и секако ќе нема потреба да плажа данок на наследство. Од британското монарх не се бара да ја открие вредноста на „приватните финансии“, но според „листата за богаташи“ на „Сандеј тајмс“ за 2022 година, кралицата поседувала околу 370 милиони фунти (426 милиони долари). Чарлс исто така ја наследува и Кралската колекција на уметност и накит, официјалните резиденции, Кралскиот архив, накитот на круната, кои се проценуваат дека вредат најмалку три милијарди фунти. Приватното богатство на кралицата ќе биде додадено на богатството на Чарлс, кое сајтот „celebritynetworth“ го процени на околу 100 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАзески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударитеАктивности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, а на кои беше поканет и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се реализираа во Дебар.Прво во манастирот Св. Јован Бигорски беше реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот. Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на дебарското езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан. Денеска е денот на рударите, 28 август. Претседателот Азески упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија. „Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз. Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока. Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица.Тагови: Азески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook