Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
1Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
2По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
АвтомобилизамШто има во приватната гаража на Путин? (ВИДЕО)Освен во претседателската лимузина, Путин често може да се види зад воланот на некои егзотични возила, па дури и во улога на тест возач.И додека очите на светот се вперени во Украина и додека се чека нов потег на рускиот претседател, официјалните власти ја забавуваат јавноста со некои побанални работи. Неодамна, официјален Кремљ објави што има во гаражата на претседателот Путин. Иако неговото лично богатство на Запад се проценува на повеќе од 200 милијарди евра, што би го направило еден од најбогатите луѓе во светот, неговиот возен парк е многу поскромен од неговите конкуренти. Како и многу богати луѓе, тој има колекција на автомобили, но таа е далеку поскромна. Според списокот на имот што го објави Кремљ, Владимир Путин има гаража од само 18 метри квадратни во која чува три автомобили и една приколка. А автомобилите се далеку од егзотични бидејќи неговата колекција се состои од два ГАЗ, поточно М21 Волга и Лада Нива. Вториот го купил во 2009 година и го користел за да оди на риболов. Судејќи според фотографиите, се работи за врвна изведба која е опремена со многу уникатни детали како шноркели, големи бандажи и дополнителна заштита. Исто така, под хаубата се наоѓа мотор на Opel. Конечно, во гаражата има приколка Skif со шатор. Рускиот претседател несомнено ја користи секоја можност да ја промовира домашната автомобилска индустрија. Така во 2015 година тој лично ја тестираше Лада Веста, додека за протоколарни должности ја избра домашната гордост Аурус Сенат, познат и како „руски Ролс-Ројс“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобатаУтринава од 10 часот, низ сите скопски општини се одржува голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармаладВо среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.Состојки за денешниот рецепт: (мерките се со шолји за млеко) 2 шолји брашно 1 шолја шеќер 1 шолја вода половина шолја масло 4 големи лажици мармалад од сливи една рака сецкани ореви 1 лажиче сода бикарбона 1 лажиче цимет 1 ќесичка ванилин шеќер шеќер во прав по потреба Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАПоранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилствоПоранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди. Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал. Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него. Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија. Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати. Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата. Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11