Што ѝ се случило на Кејт Винслет? Луѓето брутално ги навредуваа нејзините нозе (видео) - Канал 5

Што ѝ се случило на Кејт Винслет? Луѓето брутално ги навредуваа нејзините нозе (видео)

Ѕвездата на „Титаник“ со ангелско лице претходно одговараше на нападите поради нејзиниот физички изглед, но откако повторно беше мета поради своето запуштено издание, овој пат не се огласи.

Што ѝ се случило на Кејт Винслет? Луѓето брутално ги навредуваа нејзините нозе (видео)

Повеќето ја помнат од познатото филмско остварување на Џејмс Камерон „Титаник“ од 1997 г. Нејзината префинета убавина, крупните сини очи и полните усни никого не оставија рамнодушен, а нејзината кариера буквално тргна по нагорна линија. Иако низ годините поминуваше низ многу фази на дебелеење и повторно постигнување на идеална фигура, јасно е дека нејзината убавина е вонвременска.

Меѓутоа, неодамна во јавноста беше забележано едно издание на Кејт кое предизвика поделени реакции.

@whiety_ kate winslet 🖤 #fy #fyp #fypシ #viral #katewinslet #ladygaga #ladybug #lady #giveme #fyp #viral #vi #world #entrtainment #qatar #saoudiarabia #movies #maroc #algeria #tunisia #modeling #model #yollandahadid #gigihadid #beauty #selenagomez #justinbieber #haileybieber #metgala ♬ Elastic Heart (yeah, let's be clear, I'll trust no one. You did not break me, I'm still fighting for peace) - Sia

Имено, Кејт Винслет е снимена како со кеси во рацете излегува од продавница, како повеќето „обични“ домаќинки. Косата ѝ е врзана во опавче како да излегла од фризерски салон среде бојадисување, а лицето ѝ е намуртено. Многумина во коментарите не ѝ го „простија“ таквиот „испад“, а особено вишокот килограми, па ја „почестија“ со непримерни коментари. Од друга страна, нејзините фанови истакнаа дека таа секогаш и засекогаш изгледа фабулозно и гламурозно, и дека вишокот килограми знае да ги носи нормално и без комплекси, па согласно тоа, тие споделија видео на кои таа е во различни фази од кариерата и со различни стилови во кои таа буквално блеска.

Сепак, повеќето корисници на мрежата се согласија дека Кејт всушност живее реален живот и не им робува на трендовите и комплексот на стареење.

- Воспитана сум на посебен начин, без предрасуди, без да осудувам. Отсекогаш ме учеле кон луѓето да се однесувам со почит. Да бидам своја, слободна и да се чувствувам добро во сопствената кожа. – одговори Кејт своевремено на нападите на сметка на нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина

Европската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за украина за купување нови одбранбени системи.

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина

Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари.. Овој нов пакет помош се надоградува на претходно одобрените 16 милијарди евра за опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра, пишуваат светските медиуми..

„Додека Русија ги интензивира своите напади, ние се залагаме да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и своето небо. Европа стои со Украина и ние ќе ѝ го испорачаме она што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно“, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот.

Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ.

Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДС и самиот Венко Филипче велат дека се било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за болниците да се изградат не бил баран никаков услов според Закон за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти.

Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон. За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“.

Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавност и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДС и ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за исто дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. 

Лукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “

„Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката.

Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност.

„Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер