СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе
1СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
БалканШпионски скандал во Грција: Владата на Мицотакис прислушувала стотина опозиционери,новинари...Голем скандал изби во Грција откако весникот Документо објави дека владата во Атина ги прислушувала телефоните на десетици луѓе.Меѓу прислушуваните имало претставници на опозицијата, новинари, владини претставници, бизнисмени и полицајци. Весникот, чии новинари го истражувале овој случај веќе неколку месеци, пишува дека цел на прислушувањето бил поранешниот шеф на грчката полиција Михалис Карамалакис, чиј мобилен телефон бил прислушуван со помош на софтверот „Предатор“. Акцијата ја спровела Националната разузнавачка служба (EYP), а по наредба на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис. Во извештајот се наведува дека Националната разузнавачка служба прислушувала повеќе од сто телефонски броеви. Меѓу прислушуваните се опозицискиот политичар Никос Андрулакис, обвинителот Христос Бардакис, како и влијателните новинари Тина Месаропулу, Танасис Кукакис и Ставрос Михалудис. Интересно е што премиерот Мицотакис наредил и прислушување на сопствените советници и луѓе од доверба. Премиерот Мицотакис е тој што директно ја надгледувал работата на Националната разузнавачка служба. Тој ги отфрлил сите обвинувања на весникот Документо. Опозицискиот лидер Алексис Ципрас го повика премиерот „да престане да се крие“, да излезе пред јавноста и да одговори на обвинувањата. - Обвинувањата за прислушување нарачани од премиерот Мицотакис се недокажани и неосновани. Опозицијата се обидува да создаде политичка аномалија за да го оправда поразот што ќе го претрпи на следните избори - изјави Јанис Оиконому, портпарол на премиерот. Иронијата е што весникот „Документо“ наведува дека меѓу соработниците на премиерот кои биле прислушувани бил и неговиот портпарол Јанис Оиконому. Скандалот со прислушувањето во Грција првпат изби на почетокот на август годинава, кога Панајотис Контолеон, тогашен шеф на Националната разузнавачка служба, пред парламентарната комисија изјавил дека разузнавачката служба го прислушувала новинарот Танасис Кукакис, кој е експерт за финансиски измами. На почетокот на овој месец, Европскиот парламент ги обвинил властите во Атина, како и три други членки на Европската унија, дека го користат системот „Предатор“ за прислушување на нивните граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезеМицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно. Народот не е наивен. Сметката е проста. За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи. Цевките со Грција и Србија ги најавува. Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес. Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери. Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име. ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува. Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери. Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата. Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка. Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата. Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа. Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација. Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција. Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата. Скопје, 19.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шест лица за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првата обвинета е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје, која во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории. Останатите петмина опфатени со обвинението се возачи кои, иако знаеле дека немаат положено за Ц и Д категорија, во договор со првата обвинета, поднесувале барања за издавање дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории. Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или товарно возило во меѓународен сообраќај. За тројца обвинети, вклучувајќи ја и вработената во МВР, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. За останатите тројца кои се недостапни на органите на прогонот предложи да им биде определен притвор од нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство. Во меѓувреме, во рамките на истиот предмет, продолжуваат да се преземаат дејствија за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи, а обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
СветНајмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во ПакистанНајмалку 30 лице загинаа во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции.Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот. Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми. Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter