Шпанците наместо тоалетна хартија дома складираат вино, пиво и чоколада

Тоателната хартија веќе не е проблем. Шпанските продавници се преполни со овој продукт. Наместо тоа, Шпанците панично купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколадо, или едноставно консумираат повеќе, пишува Dpa.

Ова го покажуваат податоците од трговските мрежи во време кога цела Шпанија е во изолација од 15 март.

Шпанците купиле 80 проценти повеќе пиво и 60 проценти повеќе вино во изминатата недела отколку претходната, се вели во извештајот на Инфортхаил.

Маслинките се чини дека се уште попопуларни, при што продажбата скокнала за 94 проценти.

Чипсот од компир, чоколадото, сладоледот и инчуните исто така исчезнуваат од полиците и нивната продажба се зголемила за 76 до 87 проценти.

Шпанците кои нормално се дружат по кафулиња, барови и други места на отворено, сега направиле свои домашни барови, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Психологот Олга Кастаниер овие промени ги припишува на вознемиреноста предизвикана од епидемијата и новите ограничувања на движењето.

„Кога сте во стрес, не јадете стек. Во оваа ситуација, телото копнее по шеќери и маснотии“, рече Кастаниер за Ел Паис.

Таа признава дека се среќава со пријатели преку Скајп за да пијат пиво.

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер