Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир. 

Во интервју за ЗДФ, тој рече дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија биле многу важни.

-Навистина, тие беа само почеток, но, сепак, тоа е нешто многу посебно, истакна тој.

Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествуваше и Кина, што може да биде начин за олеснување на мирот.

-Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно, тие го зголемуваат притисокот врз Русија да разбере дека е на погрешен пат и дека треба да ги повлече своите трупи и да дозволи мир, нагласи тој.

Тој не ја исклучи испораката на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина. На прашањето зошто Германија сè уште не ги испорача тие проектили, Шолц објасни дека германската Влада, како и во минатото, секогаш внимателно ќе ја проверува секоја одлука „што функционира, што има смисла, каков може да биде нашиот придонес“, додавајќи дека не сака да се брза за ова прашање. /МИА

Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров

Непознати сторители во текот на изминатиот викенд опожариле еден контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

Опожарениот контејнер, како што денеска соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, бил со зафатнина од 3,2 м3 и бил целосно уништен и неупотреблив.

Од почетокот на годинава биле опожарени вкупно 19 пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови има заменето со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо викендот постигна еден гол на натпреварот од 6. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Оруба (3:0).

Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој гол за 39-годишниот напаѓач беше 600-ти во кариерата на највисоко ниво (во врвните дивизии на првенствата на земјите во кои играше играчот).

Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој стигна до 600 погодоци.

Второто место по бројот на голови на највисоко ниво во историјата го зазема напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси (556).

Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година. Претходно, фудбалерот настапуваше за Спортинг (Португалија), Манчестер јунајтед (Англија), Реал Мадрид (Шпанија) и Јувентус (Италија).

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата“

На годишнината од нападот на Хамас, Херцог го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“.

Претседателот на Израел, Јицак Херцог, на првата годишнина од невидениот смртоносен напад на палестинската група Хамас на израелска територија, денеска го повика светот „да го поддржи Израел во борбата против неговите непријатели“, пренесуваат француските медиуми.

„7 октомври 2023 година остава белег на човештвото, белег на лицето на Земјата и светот мора да го сфати и разбере ова за да го промени текот на историјата“, рече Херцог во изјавата објавена од неговата прес канцеларија.

„За мир и подобра иднина на регионот, светот мора да го поддржи Израел во неговата борба против неговите непријатели“, се додава во изјавата на Херцог.

Тој денеска ќе претседава со комеморативната церемонија во Сдерот, еден од градовите најтешко погодени од крвавиот напад на Хамас, јавија претходно француските медиуми.

Во нападот на палестинските милитанти, што ја поттикна војната во Појасот Газа, а потоа и воените дејствија во Либан, Во Израел беа убиени над 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници.

притисни ентер