„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп - Канал 5

„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп

Kомпанијата „Леново“ во Кина ја претстави серијата „Моторола Разр 50“ телефони на преклопување. 

„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп

Се работи за два модел - „Разр 50 ултра“ со 4-инчен надворешен екран и „Снепдрагон 8с ген 3“ процесор, како и „Разр 50“ којшто се напојува со процесорот „Дименсити 7300-X“.

Покрај поголемиот надворешен екран, „50 ултра“ има и потенки рабови во споредба со минатогодишниот модел „Разр 40 ултра“. Новиот телефон на преклоп има и „ПОЛЕД“ панел со резолуција од 1.080 пиксели со 100 отсто опсег на бои и освежување на екранот од 1 до 165 Хз. Уредот има главна камера од 50 МП и телефото камера, исто така од 50 МП со 2x оптички зум, користи оперативен систем „Андроид 14“, а се напојува со батерија од 4.000 мАх.

Цената на „50 ултра“ е 730 евра за конфигурација од 12/256 ГБ, и 800 евра за конфигурација 12/512. Достапен е во повеќе бои.

„Моторола Разр 50“ е основниот модел во серијата, којшто има две камери од 32 МП, 50 МП - со оптичка стабилизација на сликата, и додатна задна камера од 13 МП со видно поле од 120 степени.

Телефонот користи батерија со капацитет од 4.200 мАх, којашто поддржува 30 вати жично и 15 вати безжично полнење. Достапен е во три бои. Верзијата со 8/256 ГБ конфигурација чини 475 евра, додека за верзијата со 12 ГБ РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија ќе треба да се издвојат 515 евра.

Продажбата во Кина веќе почна, а почетокот на продажбата на светскиот пазар се очекува наскоро. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз Сара

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз Сара

Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан К., обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓ. од Охрид, што се случи на 15 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа

Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа, следува законско решение кое ќе важи на цела територија.

ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со креирање и спроведување конкретни политики за поддршка на младите за да им овозможи полесно да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом.

Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, се предвидува младите брачни парови на возраст до 35 години, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општините, на цела територија на државата.

Оваа мерка претставува директна финансиска поддршка за младите семејства и значително олеснување при започнувањето на изградбата на сопствен дом.

Дека станува збор за конкретна политика, а не само за најава, покажува и нејзината досегашна реализација во неколку скопски општини, меѓу кои и Општина Гази Баба, која е меѓу првите.

Општина Гази Баба уште кон крајот на минатата година ја спроведе мерката, со која младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од целосниот износ на комуналиите што и припаѓаат на општината.

Дополнително, Советот на Град Скопје ја усвои мерката со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од 60 проценти од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште, односно од делот што му припаѓа на Градот Скопје, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план.

Првичната старосна граница од 29 години беше проширена на 35, односно 40 години, по направените анализи и согледувањето на реалните потреби на младите семејства, затоа што целта е поддршката да опфати што поголем број млади луѓе и семејства на кои им е потребна помош при создавањето услови за сопствен дом.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките што носат конкретни придобивки за граѓаните за младите да имаат сигурност, перспектива и можност својата иднина да ја градат во Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица.

СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица од управниот или надзорниот одбор на банката.

Ивановски призна и дека Финансиската полиција нема отворен предмет.

Ова значи дека не се проверени потеклото на капиталот за кој медиуми во Србија наведуваат дека се криминално стекнати пари.

Значи клучни за Алта банка да влезе во Македонија биле консултациите на Трајко Славески со Христијан Мицкоски кои гувернерот јавни ги призна.

Мицкоски вчера во Собрание одбегна да одговори на прашањето од претседателот Венко Филипче со кого го направил дилот за влез на Алта банка во Македонија.

Во меѓувреме, истрагата во Србија се проширува, има нови осомничени и уапсени. Дубравко Мацура, брат на претходно уапсениот сопственик на банката Давор Мацура. Тој е осомничен дека неовластено влегувал во трезорот на банката, изнесувал готовина во евра и му ја предавал на својот брат. Во истиот случај е уапсена и директорка на „Алта пеј груп“ Татјана Бундало.

Значи таму има истрага, има приведени, одземена е лиценцата на Алта банка, се истражуваат 380 милиони евра....

Во Македонија нема ништо. Македонското Обвинителство сè уште молчи и не отвора истрага за Алта банка.

Зошто? Дали има телефонска нарачка ништо да не се презима за да се спаст Мицкоски, Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка?

СДСМ на 12 ноември поднесе кривична пријава против Трајко Славески и други службени лица во Народната банка.

Јавноста не знае дали се постапува по неа или се држи во фиока?

Скопје, 27.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер