Силвињо: Албанија има одлична иднина

Пред шест месеци сите мислеа дека ќе примиме 3-5 гола по натпревар, вели тој.

Селекторот на албанската фудбалска репрезентација Силвињо гледа светла иднина за оваа репрезентација која синоќа минимално загуби од Шпанија (0:1) во третото коло од групната фаза на ЕП 2024.

По овој пораз Албанија го зазеде последното, четврто место во групата Б со 1 бод го заврши Европското првенство.

- Морам да им се заблагодарам на сите мои избраници за играта. Не беше лесно против Шпанците, но пред шест месеци луѓето мислеа дека ќе примиме три, четири или пет гола на секој меч на ЕП, но не испадна така. Албанската репрезентација има иднина, имаме многу млади играчи. Не сакам да именувам никого конкретно, но задоволен сум со нашиот тим, изјави Силвињо на официјалната веб-страница на ЕП 2024.

Турнирот во Германија беше второ Европско првенство за Албанија во историјата. Тимот дебитираше на континенталниот шампионат во 2016 година. /МИА

Благојче Атанасоски и Александар Ристевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Благојче Атанасоски и Александар Ристевски.

Погледнете ја емисијата „Само вистина“:

Украина тврди дека уништила сателитски комуникациски центар на Крим

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските вооружени сили оваа недела уништиле руски центар за сателитска комуникација на Кримскиот Полуостров.

Во објавата на апликацијата Телеграм, Министерството наведува дека целта е „вреден воен компонент во сателитската комуникација и системот за насочување на руските сили“.

Западни медиуми посочуваат дека во моментов не може од независен извор да се потврди оваа информација.

Во понеделникот, на социјалните мрежи се појавија информации за експлозии во близина на селото Витино на Кримскиот Полуостров, каде што е лоциран комуникацискиот центар. /МИА

Иран го продолжи изборниот ден по повикот на врховниот лидер за висока излезност

Иранските власти го продолжија изборниот ден за претседателските избори за два часа, до 20:00 часот по локално време, поради големата излезност.

Иранската државна телевизија прикажа снимки од долги редови пред избирачките места. Често се случува гласањето во Иран да продолжи до полноќ. Властите соопштија дека резултатите од претседателските избори ќе бидат објавени утре.

Претходно денеска, врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, повика на висока излезност. Опонентите на властите тврдат дека падот на излезноста во последните години ја покажува разнишаната легитимност на системот.

Овие вонредни претседателски избори се организираат откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина минатиот месец во хеликоптерска несреќа, заедно со шефот на дипломатијата.

Околу 61 милион гласачи се повикани да изберат наследник на Раиси. Советот на чуварите, исклучително конзервативно надзорно тело, одобри само шест кандидати за изборите. Двајца радикални конзервативни кандидати вчера соопштија дека се повлекуваат од претседателската трка во Иран. /MИА

притисни ентер