Шок: По смртта на сопругот открила дека тој имал двоен живот и љубовница! - Канал 5

Шок: По смртта на сопругот открила дека тој имал двоен живот и љубовница!

Бизнисменот Гуиљермо дел Кастиљо бил „совршен“ сопруг на Грациела и татко на Пабло и Марија. Успешен бизнисмен и посветен семеен човек. Никој ни најмалку не се посомневал дека тој има љубовница и двоен живот, се додека не починал...

Шок: По смртта на сопругот открила дека тој имал двоен живот и љубовница!
Неверството на Гуиљермо било откриено откако неговата љубовница објавила некролог во аргентински дневен весник со последна порака кон него: Драги мој, ти благодарам за петте години среќа. Твојата љубов засекогаш. Сузана!

Овој оглас бил објавен точно под некрологот од неговото прво семејство, во кој сопругата Грациела се простува од Гуиљермо: Твојата сопруга, синот Пабло и ќерката Марија велат збогум со болка...


Guillermo del Castillo



Шокот на Грациела бил огромен кога го отворила весникот! Во прв момент помислила да не се работи за друг човек, а потоа на фејсбук профилот на Сузана видела многу подолга порака, и станало јасно дека се работи за „нејзиниот“ Гуиљермо.

Ова е пораката на Фејсбук од Сузана до Гуиљермо

- Драг мој Гуиљермо Рејес дел Кастиљо, голем човек, прекрасен пријател и партнер, ме остави да тагувам по твојот крај. Ми ги даде најубавите години во животот, се надевам дека јас ти ги дадов најубавите моменти и најдоброто од себе, заедно со моите ќерки. Би сакала да останеше со мене но не можам да бидам себична и да очекувам да се мачиш и да се бориш да живееш подолго. Во јануари ми кажа дека годинава ќе умреш и јас ти бев лута. Ми недостигаат твоите повици, твојот допир, мирис, твоите зборови кога ми велеше дека сум убава, јадењата што ми ги готвеше беа толку вкусни...Ми испраќаше цвеќиња на работа, бев љубовта на твојот живот...

Дури откако го прочитале сето ова, семејството на Гуиљермо сфатиле дека нивниот татко и сопруг водел двоен живот. Тогаш почнале да се сеќаваат дека пред нивните очи се одвивало нешто во што никогаш не се посомневале. Неговиот син Пабло сега вели:

- Тој често отсуствуваше од дома по повеќе денови, одеше на службени патувања, а ние никогаш не се посомневавме... Мајка ми е уништена, никој од нас немаше поим што се случува...

Пријател на семејството, Фусиано Годинез, вели дека Гуиљермо дел од седмицата живеел со првото семејство, а дел од седмицата со второто.

- Никој не се посомнева што навистина се случува - додаде тој.

/ извор: Мирор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделка

СДС повторно со паушални обвинувања манипулира за Алта банка, иако сите претходни им пропаднаа во вода.

Манасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделка

Кога немаат што да понудат на граѓаните и немаат излез од својот неуспех во реорганизацијата на партијата, веднаш создаваат нови лаги за случајот Алта банка.

Да потсетам, лажеа дека има сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, лажеа дека се одлевале пари од Србија кон Македонија, лажеа дека банката ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без пари, и што се не излажаа, но на крајот најважно е дека се излезе спротивно од нивните тврдења, односно поволно за граѓаните.

За спречување на вакви идни очајни обиди од страна на Филипче и СДС за стекнување на ситни политички поени, во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело со кое се предвидува казна затвор, за секој оној кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем.

Филипче и СДС обвинуваат, а потоа фактите ги демантираат. Граѓаните заслужуваат вистина, а не нова епизода од нивната политичка кампања.

Доста е веќе со ширење на лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работи

На 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.

Скандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работи

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска го повика на разговор раководителот на департманот Лоара, Иг Муту, по наводите дека доверливи информации од Министерството за внатрешни работи биле пренесени на партијата „Национален собир“.

Нуњез додаде дека ситуацијата би била исклучително сериозна доколку наводите се потврдат.

Како што објави денеска телевизијата БФМ, на 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.

Иг Муту, поранешен високорангиран функционер во француското Министерство за внатрешни работи и актуелен раководител на департманот Лоара, е осомничен дека учествувал во доставувањето доверливи информации до „Национален собир“ во врска со истрагите што се водат против оваа партија.

Во изјава за телевизијата БФМ и радиото РМЦ, Нуњез потврди дека го повикал Муту на разговор.

„Доколку фактите се потврдат, тоа, се разбира, е многу сериозна работа“, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

Тој напомена дека во моментов се води судска истрага.

„Утрово ќе се сретнам со предметното лице, но во овој момент немам други информации што би можел да ги соопштам“, рече Нуњез.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на кошаркарите Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“.

Селекторот на кошаркарите Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, во кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.

Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Кипар, во дуелот од второто коло на групата „Ф“, закажан за 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Скопје и ќе започнат на 23 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“, со почеток од 11:30 часот.

Селекторот Берокал и неговиот стручен штаб го објавија следниот список на кошаркари за овој репрезентативен собир.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Ненад Димитријевиќ

Виктор Ташовски

Виктор Ефремовски

Војдан Стојановски

Лука Стојановски

Адем Мекиќ

Стојан Ѓуроски

Лејсон Зеќири

Валмир Какруки

Резарт Мемед

Тома Стојаноски

Андреј Маслинко

Петар Бошалески

Андреј Андоноски

Мозес Рајт

Селектор: Жозеп Марија Берокал

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер