Манасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделка - Канал 5

Манасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделка

СДС повторно со паушални обвинувања манипулира за Алта банка, иако сите претходни им пропаднаа во вода.

Манасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделка

Кога немаат што да понудат на граѓаните и немаат излез од својот неуспех во реорганизацијата на партијата, веднаш создаваат нови лаги за случајот Алта банка.

Да потсетам, лажеа дека има сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, лажеа дека се одлевале пари од Србија кон Македонија, лажеа дека банката ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без пари, и што се не излажаа, но на крајот најважно е дека се излезе спротивно од нивните тврдења, односно поволно за граѓаните.

За спречување на вакви идни очајни обиди од страна на Филипче и СДС за стекнување на ситни политички поени, во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело со кое се предвидува казна затвор, за секој оној кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем.

Филипче и СДС обвинуваат, а потоа фактите ги демантираат. Граѓаните заслужуваат вистина, а не нова епизода од нивната политичка кампања.

Доста е веќе со ширење на лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави апче за рак на панкреасот: „Ова е најголемиот напредок во последните децении“

Апче што може да ги намали – па дури и потенцијално да ги елиминира – туморите на панкреасот, се опишува како најзначаен напредок во лекувањето на оваа болест во последните неколку децении.

Се појави апче за рак на панкреасот: „Ова е најголемиот напредок во последните децении“

Лекот, „дараксонрасиб“ (daraxonrasib), кој се давал за време на клиничко испитување, довел до исчезнување на видливите тумори кај еден од дванаесет пациенти, додека кај речиси сите учесници го запрел напредувањето на болеста, пренесува „Гардијан“.

Смртоносна болест

Во студијата учествувале 61 пациент со ново дијагностициран, напреднат рак на панкреасот, кој се проширил и на други делови од телото. Иако лекарите предупредуваат дека апчето сè уште не може да се смета за дефинитивен лек – а останува нејасно и колку долго може да ја држи болеста под контрола – тие ги сметаат резултатите за охрабрувачки. Се очекува третманот да им обезбеди на пациентите повеќе време, дури и да доведе до целосна ремисија.

Ракот на панкреасот е исклучително смртоносен. Половина од сите дијагностицирани лица умираат во рок од три месеци, а само околу три отсто од пациентите преживуваат пет години откако болеста ќе се прошири на други органи. Во Обединетото Кралство, овој вид рак има најниска стапка на преживување од сите вообичаени типови на рак.

Значително продолжување на животот

Пациентите биле следени во просек 18 месеци, а во некои случаи, ракот не се вратил во текот на тој период. За време на испитувањето, растот на туморот бил запрен кај 90 отсто од пациентите. Кај нешто повеќе од 60 отсто од учесниците, туморите се намалиле или исчезнале, додека кај приближно осум отсто станале неоткривливи на КТ-снимките.

Една година по почетокот на третманот, 76,6 отсто од пациентите сè уште биле живи. За споредба, кај пациентите кои примаат само хемотерапија, стапката на едногодишно преживување изнесува меѓу 40 и 45 отсто. Планирани се долгорочни студии за да се утврди дали кај некои пациенти може да се постигне трајна ремисија.

„Најблиску до лек што некогаш сме биле“

Резултатите беа претставени на симпозиум за молекуларни цели и терапија на рак во Барселона од страна на д-р Вунгки Парк, онколог во Центарот за рак „Меморијал Слоан Кетеринг“ во Њујорк. „Ова е најблиску што некогаш сме биле до лек“, рече Парк, додавајќи дека никогаш претходно нема видено толку голем број тумори да исчезнат кај пациенти чиј рак веќе метастазирал.

„Почнуваме да гледаме не само поголем процент на одговор на туморите кон терапијата, туку и подлабоки одговори, како и речиси двојно подолга контрола врз болеста – што на крајот би можело да резултира со подолго преживување“, изјави тој. „Медијаната на периодот на следење изнесува 18 месеци. Замислете – во просек 18 месеци, болеста едноставно исчезнува од снимките на компјутерска томографија (КТ)... тоа е најблиску што може да се стигне до целосна ремисија... неверојатно е.“

Механизам на дејство и потенцијал за други видови тумори

Дараксонрасиб (Daraxonrasib) спаѓа во класа на лекови познати како инхибитори на „KRAS“. Тој делува така што се врзува за специфични мутации, присутни кај поголемиот дел од случаите на рак на панкреасот, и ги деактивира. Овие мутации вообичаено го поттикнуваат растот на туморот. Постои надеж дека овој третман би можел да биде ефикасен и кај десетина други видови рак кои можеби содржат слични мутации.

Мишел Мичел, извршен директор на организацијата „Cancer Research UK“, изјави дека се потребни дополнителни истражувања, но ги поздрави резултатите како најголем напредок за пациентите со рак на панкреасот во последните неколку децении. „Овие резултати отвораат возбудлива можност овој напредок на крајот да го отвори патот за лекување и на други видови рак кои носат мутации во генот KRAS“, рече таа. Сепак, Мичел напомена дека се потребни повеќе клинички испитувања пред третманот да биде одобрен за широка употреба, како и дека, и покрај овие достигнувања, стапката на преживување кај ракот на панкреасот останува многу ниска.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работи

На 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.

Скандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работи

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска го повика на разговор раководителот на департманот Лоара, Иг Муту, по наводите дека доверливи информации од Министерството за внатрешни работи биле пренесени на партијата „Национален собир“.

Нуњез додаде дека ситуацијата би била исклучително сериозна доколку наводите се потврдат.

Како што објави денеска телевизијата БФМ, на 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.

Иг Муту, поранешен високорангиран функционер во француското Министерство за внатрешни работи и актуелен раководител на департманот Лоара, е осомничен дека учествувал во доставувањето доверливи информации до „Национален собир“ во врска со истрагите што се водат против оваа партија.

Во изјава за телевизијата БФМ и радиото РМЦ, Нуњез потврди дека го повикал Муту на разговор.

„Доколку фактите се потврдат, тоа, се разбира, е многу сериозна работа“, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

Тој напомена дека во моментов се води судска истрага.

„Утрово ќе се сретнам со предметното лице, но во овој момент немам други информации што би можел да ги соопштам“, рече Нуњез.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер