Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба! - Канал 5

Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!

„Не е на продажба“, првиот човек на евролигашот Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ реагираше на шпекулациите за трансферот на најдобриот кошаркар на црно-белите Карлик Џонс.

Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!

Остоја Мијаиловиќ зборуваше за Карлик Џонс и потврди дека плејмејкерот останува во Партизан.

На социјалните мрежи се појавија шпекулации за можното заминување на Карлик Џонс од Партизан во Олимпијакос, наводно како замена за повредениот Жан Монтеро.

Поради сето ова, првиот човек на „црно-белите“ се огласи и ги демантираше тие наводи.

„Карлик Џонс има загарантиран договор со Партизан за оваа и за следната сезона, без клаузула за раскин. Тој е нашиот најдобар играч и сметаме на него за остварување на нашите спортски цели оваа сезона. Клубот нема интерес да го продаде“, напиша на социјалните мрежи, Остоја Мијаиловиќ.

Претходно, „црно-белите“ издадоа соопштение во кое потврдија дека Жоан Пењароја и стручниот штаб ја имаат целосната поддршка од раководството на клубот. Дополнително, беше обелоденето дека Сани Бечировиќ е новиот директор на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери ги нападнаа фрижидерите низ Европа, Британците најдоа решение

Во Обединетото Кралство е решен безбедносен пропуст во комерцијалните системи за ладење и замрзнување.

Хакери ги нападнаа фрижидерите низ Европа, Британците најдоа решение

Ова решение има за цел да ги заштити супермаркетите, магацините и рестораните од хакерски напади – инциденти што се забележани во неколку европски земји во текот на изминатите неколку недели, пренесува Ројтерс.

На почетокот на ноември, бран сајбер-напади онеспособи комерцијални единици за ладење во регионот што се протега од Шведска до Белгија. Сличен инцидент се случи во октомври во Франција, каде што продавниците беа принудени да фрлат храна во вредност од милиони евра.

Најновите напади од оваа серија беа насочени кон европските супермаркети. Еден неодамнешен пример ја вклучува продавницата „Delhaize Shop & Go“ во Линкебек, близу Брисел. Купувачите таму наидоа на известување дека фрижидерите се привремено надвор од функција. ИТ-инцидент што се случил преку ноќ влијаел врз системите за ладење и замрзнување на неколку локации на „Delhaize“ во Белгија и Луксембург, предизвикувајќи нагло покачување на температурата во единиците за ладење.

Пропуст откриен и во Британија

Првично се веруваше дека Британија главно ги избегнала овие напади, бидејќи локалната индустрија за ладење користи поинаков вид опрема. Сепак, Би-Би-Си известува дека властите и индустриските партнери сепак откриле пропуст што можел да послужи како влезна точка за хакерите. Во извештајот се додава дека е развиено решение, кое во моментов се спроведува.

Пропустот што влијаел врз британските системи бил идентификуван од етички хакери од компанијата „Omega Systems“. Пред да биде подготвена софтверската поправка, супермаркетите превентивно ги исклучиле фрижидерите од јавниот интернет и дале приоритет на обезбедувањето на уредите.

Предупредувања и обвинувања

По нападите во Европа, германската Федерална канцеларија за безбедност на информатичката технологија издаде предупредување за постоечки пропусти кај одредени индустриски уреди за ладење од данската компанија „Danfoss“. Француските разузнавачки и сајбер-агенции ја обвинија Иранската револуционерна гарда за нападот во октомври.

Тој напад бил насочен кон 700 комерцијални објекти и предизвикал 15 пожари, откако хакерите ги зголемиле температурите во системите за ладење. Британскиот Национален центар за сајбер-безбедност (NCSC) е познат по испраќањето проактивни известувања и рани предупредувања до организациите кога ќе процени дека може да постојат безбедносни пропусти. Центарот одби да го коментира овој случај.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца

Во Србија се уапсени шест лица, а спасени се девет деца во рамките на голема полициска операција насочена против сексуалното злоставување на деца преку интернет.

Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца

Веста ја потврди Министерството за внатрешни работи на земјата.

Меѓународна операција „Мозаик“ Меѓународната операција, со кодно име „Мозаик“, ја спроведоа припадници на српската Управа за технологија и Службата за борба против високотехнолошкиот криминал.

Тие постапуваа по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Полициските сили од земјите учеснички спроведоа вкупно 42 претреси и идентификуваа 48 осомничени лица.

Досега се идентификувани и спасени девет деца – жртви на сексуално злоставување. Надлежните соопштија дека српската полиција идентификувала и уапсила шест лица од вкупно 48-те осомничени.

Во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор беа извршени претреси во домови и други простории што ги користат осомничените. Притоа беа пронајдени компјутери и друга електронска опрема кои содржеле материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца.

Постои сомневање дека лицата преземале, чувале и споделувале таква содржина преку интернет. Според досега собраните информации, некои од осомничените користеле лажни профили на социјалните мрежи и апликации. Тие се претставувале како млади девојчиња и стапувале во контакт со малолетници, со цел да ги принудат да испратат фотографии и видеа од сексуална природа. Полициска соработка и апел до родителите Операцијата „Мозаик“ се спроведува во рамките на европската платформа EMPACT.

Таа опфаќа соработка меѓу полициските служби на земјите од Западен Балкан, Унгарија и Хрватска, со поддршка од Европол. Министерството за внатрешни работи на Србија упати апел до родителите и старателите да разговараат со своите деца за ризиците поврзани со комуникацијата со непознати лица на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер