Шкотски аристокртат е на суд откако силувал жена на забава полна со кокаин: Мислев дека сака - Канал 5

Шкотски аристокртат е на суд откако силувал жена на забава полна со кокаин: Мислев дека сака

Шкотски аристократ е обвинет за сексуален напад врз жена додека бил под дејство на дрога на неговата роденденска забава, на своето вчерашно судење изјавил дека е убеден дека таа дала „зелено светло“.

Шкотски аристокртат е на суд откако силувал жена на забава полна со кокаин: Мислев дека сака

Јуан Тенант (39) ја нападнал жената во јули 2019 година додека таа и нејзината пријателка лежеле во кревет во куќата Глен во близина на Инерлајтен. Жртвата, која сакала да остане анонимна, тврди дека Тенант се соблекол гол и ја милувал по ногата пред сексуално да ја нападне. Таа додала дека истрчала од собата во солзи.

Но, таткото на две деца, кој го наследил имотот на Глен по смртта на неговата мајка во 2018 година, рече дека добил „невербални знаци“ дека таа се согласила на такво нешто. Тенант пред судот изјавил дека тој и жената разговарале за важноста на взаемната согласност пред да легне покрај неа и нејзината пријателка.

"Седев на стол и прашав дали можам да им се придружам на креветот. Двете рекоа да", рекол Тенант, додавајќи дека бил фасциниран од убавината на младата жена кога првпат се сретнале и признал дека бил романтично заинтересиран за неа и покрај тоа што бил во брак.

„Кога се свртев за да го изгасам светлото, го допрев задниот дел од нејзиното колено. Ја тргнав раката и подоцна повторно ја допрев. Немаше ненадејно движење од нејзина страна што покажуваше дека не го сака тоа. Тоа го видов како еден вид „зелено светло“, додал тој.

Претходно, наводната жртва пред судот изјавила дека пријател ја поканил на дводневната роденденска забава во Глен Хаус. Таа додала дека нејзиниот пријател го познава Тенант околу 15 години, пишува Дејли Мејл.

Таа рекла дека е сигурна дека Тенант немало да проба ништо кога таа и нејзината пријателка се согласиле да спие во нивниот кревет. Таа ѝ кажала на поротата дека Тенант почнал да го допира нејзиното колено само неколку минути откако светлата се изгаснале.

Таа изјавила дека се преправала дека спие за да го обесхрабри, но дека тој потоа ја нападнал. Таа додала дека почнала да плаче, но тој сепак не престанал.

Замокот Глен Хаус има 24 спални соби и е опкружен со 3500 хектари шума. Изграден е во 19 век. Судењето на Тенант продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

За време на викендов времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. А во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. 

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

-Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер