Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат - Канал 5

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

„Добар дел од времето во мојот мандат го имам посветено да помогнеме системот да стане функционален.“

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива.

Добар дел од времето во мојот мандат го имам посветено да помогнеме системот да стане функционален. Она со што мора да се согласиме и да се соочиме е дека ние имаме нефунционален систем. И, поради тоа состојбата ни е ваква. Јас би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган којшто ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна. Различни ни се приоритетите како органи. Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Битпазар. Треба да се молам со Пазарна. Да не бидам лошо разбран, не велам дека е лоша соработката. Но, мојата правна позиција е дека треба да се молам со пазарната инспекција. Понатаму, во Железара има улица која ги дели општините Гази Баба и Бутел. Инспектор за животна средина од Бутел фаќа на лице место сторител како исфрла шут, човекот се легитимира, но шутот го исфрла десно, во Гази Баба. И инспекторот не му може ништо. Скопје е многу поспецифично од другите единици на локална самоуправа имајќи го предвид дуализмот во локалната самоуправа, затоа одлучивме дека е паметно ова што го имаме како концепт, додека не се реши системски што со комуналната полиција. Еве да го отвориме предизвикот – да ги укинеме државните инспекции, имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости, јас така ги дефинирам некои појави за кои сме сите свесни дека постојат. Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад. Медиумите се тука, прашајте ги обвинителите до каде се со тој предмет. Знаете дека стои? По прес-конференцијата тогаш, пред пандемијата, се крена малку фама, почнаа некои дописи, дојдоа некои истражители, фати пандемијата и се е под радар. Затоа системот за кој ние воочуваме дека е нефункционален треба да се исправи, со законски измени – рече Шилегов.

Затоа, се надоврза тој, и се предлага регионален пристап во инспекторирањето, имајќи предвид дека не сите општини имаат капацитет да издржат инспекторат на свој грб, ниту пак имаат толкав човечки потенцијал.

И за мене, со целосна почит, имањето лиценца за „инспектор за ...“ е една од поголемите глупости. Или си инспектор за сите области, или не си. Така ќе супституираме многу од луѓето кои ни фалат, на пример, имаме инспектор за животна средина, ама немаме градежен. Што ни фали истиот човек да може да ја обавува инспекциската работа? Јас сакам чекор по чекор да ги реализирам работите – ќе го направиме унифицирањето на инспекциските служби во општините од територијата на Град Скопје, ќе инсистирам до крај за носење на закон за комунална полиција која што не е само скопска, туку напротив, предвидува можност за регионализација, па ќе дојдеме до тоа дека треба да се укинат лиценците за инспекции, па ќе го предизвикаме државниот инспекторат. Ако државниот инспекторат за градежништво утврдил дека е „англиска кралица“, поднел иницијатива да му се смени статусот да биде активен во предметите или си седат сега? И викаат „ние немаме моќ“. Тоа е типично македонско однесување, „ова не е моја надлежност“. Па, Градот се вмешува во работи што не се негова надлежност – да утврди состојба на вода во река Вардар, да утврди дека на определена локација се прават глупости со медицински отпад, па дигаме на граница на законот возила зашто немаме наша комунална сообраќајна полиција и не можеме со сообраќајна полиција да се договориме каде е приоритетот – објасни Шилегов.

Тој додаде дека категоријата на морална и човечка одговорност, надвор од политичката одговорност, за носителите на јавна функција е сериозен недостаток на нашето општество.

Или ќе ја оправиме работата или ќе треба да си заминеме. „Ама ние немаме законска ингеренција“, а имате ли поднесено иницијатива да добиете законска ингеренција? Секој во микросветот во којшто ги водиме институциите знае каде се аномалиите и знае зошто не може да интервенира во некој случај. Па чекајте, многу е едноставно, правите допис – иницијатива, пишувате до Влада, Секретаријат, законодавство, се составува работна група, се подготвува текст, за месец дена излегуваат измените и дополнувањата. Особено, ако го знаете, може и готов текст да пратите во Влада, како што ние пративме за закон за комунална полиција. Мислам дека е многу покомотна позицијата да кажуваме дека немаме ингеренции. А дефинитивно не се сложувам дека тоа треба да се централизира. Како вие овде во Скопје, како државен градежен инспекторат, ќе знаете дека Гевгелија има дивоградба? Па, таму Поцков ќе си има свои инспектори и ќе си ја заврши работата регионално – Гевгелија, Валандово... ги кажувам единиците на локална самоуправа што немаат капацитет, но во ред е, ќе ги здружиме. Ние во Скопје ако се здружиме ќе имаме над 100 луѓе на терен. Ако ја тргнеме ступидноста на имањето лиценци тогаш ќе имаме 100 и кусур луѓе на терен за се. Е, тогаш ќе се прашаме дали ќе имаме случаи како Матка и Мавровка, ги кажувам како најекстремни. Имаме зад параван, каде што не се гледа, милион такви случаи. Треба поодговорно да ја сфатиме функцијата која што ја имаме и да овозможиме да се формира систем кој што е функционален. Добриот дел од работата е што во СДСМ тоа го имаме увидено. И во програмата на Владата, ако видите, добар дел од овие работи за кои зборувам, а за кои сме се бореле внатре во партијата да влезат во приоритети, влегоа во приоритети и се во Програмата на Владата како измени на законски текстови или носење закони – рече Шилегов.

Преговорите со Европската Унија, додаде тој, не ни ги носат вредностите на Европската Унија, туку нашето менување во категоријата одговорност во работата што ја работиме ќе не однесе во квалитетно функционирање на институциите, како што впрочем сите посакуваме.

Ама, никако да се централизира, не! Да се дисперзира, да се знае кој е крив. Ние сега имаме позиција дека градоначалниците можеби се добар чадор, политички гледано. Пример, паркирање на кеј. Логично е како граѓанин да викате „што прави градоначалникот“? Логично е. Затоа треба да внимаваме кога посакуваме централизација. Не, ние треба да дисперзираме, да унифицираме во смисла на лиценци и тогаш ќе може слободно да кажеме „е, сега, не е толку лесно и едноставно да ни се случуваат некои работи, како што ни се случуваат“ – нагласи Шилегов.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата.

Тој поминал со полесни повреди

Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле.

И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите.

Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент.

Тркалото удрило и во два автомобила

Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида.

Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“.

Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето.

Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд.

Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи.

„Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд.

Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. 

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја.

Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс.

Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот.

Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи.

Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето.

Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана.

Татко загубил шест деца

Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди.

Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата.

Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин.

Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров.

Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад.

Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата.

„Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити.

„Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“

Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство.

„Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс.

„Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“

Важен чекор, но потребна е поголема одговорност

Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола.

Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи

Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени.

Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања.

„Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој.

Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер