3Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
ЖивотШест македонски винарии на „Продекспо 2022" во Москва Шест винарии од земјава учествуваат на националниот штанд на Република Македонија на Меѓународниот саем за храна, пијалаци и суровини за прехранбената индустрија „Продекспо 2022" во Москва.Најголемата саемска манифестација од овој вид во Руската Федерација и во Југоисточна Европа e отворена во изложбено – саемскиот „Експо-центар" и ќе трае до 11 февруари. Настапот на македонските компании е во организација на Македонска-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е девето учество на македонски компании на овој исклучителен деловен настан, а годинава на него се презентираат ВВ „Тиквеш", „Стоби", „Далвина", „Мовино", „Езимит" и ММ „Интернејшнл". По отварањето на саемот, македонскиот национален штанд го посети в.д. амбасадорот во Руската Федерација, Оливера Чаушевска – Димовска. -И покрај сложената здраствена и политичка криза во овој дел на светот деловните луѓе од македонските компании од винскиот сектор допатуваа во Москва во потрага по нови деловни партнери и покажуваат дека нашите бизнисмени ја мапираат Руската Федерација како значаен пазар за зголемување на извозот. Минатата година заради пандемијата оваа саемска манифестација помина без македонски претставници, но ние не сакаме подолго да го изгубиме континуитетот на учеството на „Продекспо".Неговото значение за македонските компании може да се илустрира со трендот на зголемување на количините на продадено вино во Руската Федерација. Во 2021 година на овој пазар винариите продадоа 2 милиони вино во шишиња, додека оваа година таа бројка се очекува да се зголеми. Најголем извозник на флаширано вино во Русија е винаријата „Стоби". Можностите се на дофат на компаниите и сигурни сме дека ќе ги искористат, бидејќи оваа саемска манифестација е идеална за склучување извозно-деловни зделки, вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора. Во „Експоцентарот" во Москва на „Продекспо 2022" своите производи ги изложуваат 30 индустриски сектори од сите сегменти од производството на храна. Учествуваат 2.660 компании – изложувачи од 73 земји од светот. Овде може да се види и најголемиот излог на алкохолни пијалаци и вина од повеќе од 30 земји. Се очекува низ халите на „Експо центарот" да поминат 68.600 посетители од 115 земји и претставници на повеќе од 120 меѓународни и руски трговски ланци. „Продекспо 2020" ги собира на едно место трговците – увозници од федерално и локално ниво, кои се стратешки партнери на прехрамбената и индустријата на пијалоци во Русија и Евроазиската унија, како и претставниците на ХоРеКа секторот – хотели, ресторани, кафулиња и барови. Затоа и е огромен бројот на договори склучени врз основа на деловните контакти што се воспоставуваат на штандовите во московскиот „Експо центар". За време на саемските денови ќе се одржат и бројни тематски конференции, на кои свое учество ќе земат и македонските деловни луѓе и Македонско-руската стопанска комора. -За единаесет месеци од минатата година македонскиот извоз во Руската Федерација ја достигна бројката од близу 53 милиони САД долари.Меѓутоа, истовремено за овој период нашиот увоз од оваа земја е речиси три пати поголем од извозот и изнесува 151,8 милиони САД долари.Тоа значи дека со Руската Федерација имаме трговски дефицит во висина од 98,8 милиони САД долари. Од тие причини македонските компании мора да го зголемат извозот за да се движиме кон врамнотежување на размената со оваа земја, констатира Бешлиев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветТуск: „Орбан? Тоа е смешно“Полскиот премиер Доналд Туск смета дека информациите за номинацијата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на ОН – наводно промовирана од Соединетите Држави – се смешни.Кога беше прашан за потенцијалната кандидатура на Орбан за местото генерален секретар на ОН, полскиот премиер молчеше неколку секунди, потоа се насмевна и на крајот крена раце. „Пред само една минута тој беше кандидат за претседател на Европската комисија; ова ми изгледа исто толку смешно како и онаа претходна гласина. Нема да кажам ништо повеќе“, изјави Туск на прес-конференција за време на неговата посета на Виетнам. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го номинирала Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. САД го поканиле поранешниот премиер да се кандидира и го охрабриле да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука. Подоцна, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја коментираше идејата за номинирање на Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. „Убеден сум дека Виктор Орбан, како генерален секретар на ОН, сигурно би ги искористил своите мајсторски вештини во користењето на ветото и уцените – вештини што ги усовршувал со години, попречувајќи клучни одлуки на ЕУ“, забележа министерот за надворешни работи. Извор: Б92Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПретставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во СкопјеОд 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави. Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам. „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година. Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов УМЕТНИЦА – Ања Митиќ БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ ДОКТОР – Игор Стојчевски МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството? Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“. Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје. Драмкси театар СкопјеТагови: Драмкси театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лицеПри претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook