Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
2Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЖивотШест години не ја измил косата, тврди дека така се спасил од ќелавост (ВИДЕО)Ник Котзи од Јужна Африка, неодамна објави видео на TikTok кое собра милиони прегледи.Објавата стана вирална бидејќи во неа Котзи објаснува дека шест години не ја измил косата со ниту еден шампон. Во видеото тој објасни како косата почнала да му опаѓа додека се уште бил на факултет. „Косата ми паѓаше до тој степен што морав да носам резервни кошули на предавањата. Знаев дека до крајот на предавањето кошулата ќе ми биде полна со влакна“, рекол тој. „Имав чувство дека разни хемикалии, како шампони и регенератори, ми ја уништуваат косата. Решив повеќе да не ги користам овие производи и мојата коса стана многу поздрава“, рече тој и истакна дека пред шест години, кога ја започнал оваа практика , не знаел за „движењето без шампон“, идеја која вели дека косата треба да се мие исклучиво со вода. „Луѓето обично мислат дека косата ќе им стане мрсна кога ќе престанат да ја мијат, и тоа е вистина, но таа ќе биде мрсна само неколку недели. Потоа ќе ја опорават вашите природни масти и потоа ќе стане здрава“, објаснил Котзи. @_nickcoetzee Haven’t washed it in years ✋🏼 #nopoomethod #hairloss #hair #hairtok #fyp ♬ Paris - Else Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаПожарот од Грачани го покри СкопјеНа територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook