Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Шоу бизШерон Стоун ја откри долго чуваната тајна од филмот „Сирови страсти“Филмот чинеше 49 милиони долари, а пред неговото прикажување во кината, предизвика контроверзии поради сцените на секс, насилство и силување.Легендарниот филм „Сирови страсти“ од 1992 година, кој заработи неверојатни 352 милиони долари, криеше многу тајни кои публиката долго време не ги знаеше додека главната актерка и режисерот не открија непознати детали зад сцената. Достигнувањето дури го доби епитетот на контроверзно. Филмот чинеше 49 милиони долари, а пред неговото прикажување во кината, предизвика контроверзии поради сцените на секс, насилство и силување. Геј активисти протестираа поради тоа што на големото платно бисексуална жена беше претставена како психопат. Сценаристот Џо Естерхас ја напиша приказната за 13 дена во 1990 година, а сценариото го продаде за три милиони долари. - Го замолив мојот пријател да легне покрај мојот кревет додека ја снимав таа сцена и да ми каже шеги. Имаа дури и болничар на снимање со маска за кислород, бидејќи се чувствував како да ќе се онесвестам додека го снимав“, рече Шерон Стоун за насилната сцена каде што убива со кршач за мраз, додавајќи: - Им реков дека сакам да го снимам сето тоа одеднаш и да ги изгаснат сите светла. Кога ги вклучија светлата, режисерот Пол Верховен беше толку исплашен што за малку ќе паднел од столот. Режисерот решил да вклучи контроверзна секвенца во филмот кога Шерон ги рашири нозете и открива дека не носи долна облека за време на полициското испрашување. Актерката подоцна изјавила дека нејзините гениталии биле снимени без нејзино знаење. Таа сцена ја немаше во сценариото, а Естерхас рече дека жали што не помислил на тоа, па „заслугата“ му припадна на Верховен. Извор: АвазКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter