Шехерезад му го растури бракот на Сулејман, а сега прославија 13 годишен јубилеј - Канал 5

Шехерезад му го растури бракот на Сулејман, а сега прославија 13 годишен јубилеј

Бергузар Корел е една од најпопуларните турски актерки откако ја играше Шехерезада во серијата „Илјада и една ноќ“ во 2009 година.

Шехерезад му го растури бракот на Сулејман, а сега прославија 13 годишен јубилеј

Бергузар ги израдува своите следбеници со најновата објава на нејзиниот Инстаграм. Имено, таа направи селфи на плажа без шминка.

– Последните десет дена до четириесет – изјави актерката која на 27 август ќе го прослави 40-тиот роденден.

„Кралица“, „Убава си“, „Доаѓа најдоброто и најсреќното време“, „Каква убавина“, коментираат нејзините фанови.

Инаку, Бергузар на 7 август ја прослави 13-годишнината од бракот со Халит Ергенч (52), познат по улогата на Сулејман Величествениот во истоимената турска серија. Таа на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија на која се гушкаат и се смешкаат, а таа позира без шминка. „Ауу, среќа“, „Среќна годишнина“, „Преубава си“, „Ви посакувам здравје, успех и море од љубов“, им порачаа фановите.

Бергузар често споделува фотографии со сопругот и нивните деца и покажува дека се посреќни од било кога, иако неколкупати се пишуваше за пропаѓање на нивниот брак.

Да потсетиме, Бергузар и Халит ги имаат синовите Али (12) и Хан (2) и осуммесечната ќерка Лејла, а како што пренесуваат турските медиуми, парот решил да се одмори од телевизиските улоги.

Бергузар последен пат глумеше во историската сапунска опера „Ватаним сенсин“ со Халит додека беше ангажиран во психолошката трилер серија „Бабил“ од 2020 година.

Парот има куќа во Лондон каде поминуваат многу време кога не работат и се многу посветени на своите деца. Некои дури заклучиле дека се преселиле во Англија бидејќи поминувале многу време таму во изминатите месеци.

- Не се населиле во Англија. Често доаѓаат и си одат - изјави нивната менаџерка Ајше Барим. Парот се запозна на снимањето на популарната турска серија „Илјада и една ноќ“. Јавноста со интерес ја следеше нивната бурна љубовна приказна.

Имено, во времето кога се заљубиле за време на снимањето на серијата, Халит бил во брак со актерката Гизем Сојсалди, која била 14 години помлада. Почувствувале голема привлечност, која не можеле да ја негираат, особено кога во 2008 година морале да отпатуваат на работа во Париз. Бергузар набрзо го напуштила своето момче, а Халит побарал развод од Гизем, која во тоа време била бремена, па решила да абортира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане. 

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Кумановскиот суд пресуди како што се очекуваше. Тој е виновен за за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане.

Во Куманово е Михаило Донев..

Михаило, дали веќе можеби е соопштена пресудата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. 

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA).

На панелот учествуваа и министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан.

Во своето обраќање, министерот Клековски пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претстави состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму.

Беше ставен фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата ,,EU4Health".

„Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји“, изјави министерот Клековски.

На маргините на Форумот, министерот Клековски одржа билатерални средби со министерот Сарџвеладзе и со министерката Аванесјан. Тие разменија искуства од реформите на здравствените системи и разговараа за можностите за соработка меѓу земјите од регионот.

Министерот се сретна и со ,,Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со ,,Falk Consulting" – за поддршка на реструктуирање на болниците.

Воедно, тој одржа средба со македонските лекари во Германија.

Во Амбасадата во Берлин, министерот Клековски се сретна со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора. На средбата зборуваа и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Министерот ги претстави реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти.

„Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка“, изјави министерот Клековски.

Инаку, посетата на Берлин започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK). На средбата се разговараше за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства.

Министерот Клековски се сретна и со раководството на Бизнис клубот Германија – Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата беше пренесувањето на искуства од Германија во Македонија.

Заедно со амбасадорот Села, министерот ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок музичари и фронтмен на култната група Мајке, почина на 61-годишна возраст.

Почина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“

Баре беше една од најважните и најпаметните личности на хрватската рок сцена. Како пејач и автор на групата Мајке, тој остави длабок белег со песни како „Тешке боје“, „Мене не занима“, „Вријеме је да се крене“ и „Буди поносан“, објави Индекс.

Неговата кариера беше обележана со бројни концертни настапи, препознатлив глас и бескомпромисен пристап кон музиката, но и тешки животни борби, за кои отворено зборуваше.

Кон крајот на септември, на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат за време на првата песна. Бендот потоа објави двомесечна пауза за Баре да може да се одмори и да се опорави.

Неодамна даде големо интервју за Индекс

На почетокот на септември, во големо интервју за Индекс, Баре зборуваше за животот, музиката и неговиот однос со членовите на Мајке.

„Всушност, се извинувам, но не ми е жал за ништо. Мислам, не би сакал никој да ги доживее работите што ги доживеав јас, но и тоа е животот. Тоа е тага и плачење, и смеа и глад, и ситост и дебелина. Сето тоа е живот и не треба да се срамите од ништо“, рече тој тогаш.

Тој исто така зборуваше за тоа колку му значи бендот: „Да не беа тие, немаше да ме има ни мене. Не гледам никаква среќа без нив. Тие се моите најдобри пријатели и единствените луѓе што ме разбираат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер