Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии - Канал 5

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. 

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA).

На панелот учествуваа и министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан.

Во своето обраќање, министерот Клековски пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претстави состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму.

Беше ставен фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата ,,EU4Health".

„Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји“, изјави министерот Клековски.

На маргините на Форумот, министерот Клековски одржа билатерални средби со министерот Сарџвеладзе и со министерката Аванесјан. Тие разменија искуства од реформите на здравствените системи и разговараа за можностите за соработка меѓу земјите од регионот.

Министерот се сретна и со ,,Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со ,,Falk Consulting" – за поддршка на реструктуирање на болниците.

Воедно, тој одржа средба со македонските лекари во Германија.

Во Амбасадата во Берлин, министерот Клековски се сретна со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора. На средбата зборуваа и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Министерот ги претстави реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти.

„Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка“, изјави министерот Клековски.

Инаку, посетата на Берлин започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK). На средбата се разговараше за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства.

Министерот Клековски се сретна и со раководството на Бизнис клубот Германија – Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата беше пренесувањето на искуства од Германија во Македонија.

Заедно со амбасадорот Села, министерот ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможно

Новак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.

Ѓоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможно

- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни:

- Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф.

Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно.

- Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ.

Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму.

- Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во Италија

Невообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.

Крадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во Италија

„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство.

Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Педијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирус

Од три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова.

Педијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирус

Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст.

Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување.

Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер