Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
2Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
АвтомобилизамШефот на Тојота потврди: Се враќа легендарната CelicaШефот на Toyota, Јуки Накаџима, викендов на рели во Јапонија откри дека компанијата работи на новата генерација на легендарната Toyota Celica.Според првите информации, новата Celica ќе биде електричен автомобил. „Работиме на Celica. Има многу луѓе во компанијата кои со нетрпение ја очекуваат Toyota Celica. Се прашувам дали е во ред ова да се каже на јавен состанок, но ние конструираме нова Toyota Celica“, рече Накаџима. Накаџима не даде никакви технички информации за новиот модел, но сè укажува дека новата Toyota Celica ќе се базира на Toyota FT-Se Concept. Единствено што се знае за овој прототип, за кој се шпекулираше дека ќе стане новата електрична Toyota MR2, е дека ќе има електрични батерии од трета генерација, за кои Toyota истакнуваат дека ќе бидат многу полесни од сегашните. Покрај тоа, се шпекулира и дека серискиот електричен автомобил изведен од Toyota FT-Se Concept би можел да има револуционерен мануелен менувач до 14 степени на пренос, кој јапонскиот производител моментално го развива. Првото спортско купе Toyota Celica се појави во 1970 година, а последната генерација се продаваше до 2006 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОслободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сумБританската полиција за борба против тероризмот потврди дека петмина мажи, уапсени под сомнение за тероризам во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, се пуштени на слобода со кауција. RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна состојба и беа евакуирани десетици домаќинства, откако полицијата доби пријави за три сомнителни возила во близина на базата. Од полицијата за борба против тероризмот наведуваат дека истрагата се одвива во повеќе насоки. Се испитува можноста во инцидентот да биле вклучени посредници или поединци кои работеле – свесно или несвесно – за странска држава. Сите петмина уапсени мажи се британски државјани од Лондон, на возраст меѓу 23 и 25 години. Тие првично беа приведени под сомнение за кршење на Законот за експлозиви, а потоа повторно уапсени под сомнение за подготовка на терористички чин. Полицијата потврди дека мажите и понатаму се предмет на истрага. Тие се пуштени на слобода под строги ограничувања на движењето и забрана за контактирање со одредени лица. Тројца од осомничените живеат во Вестминстер, еден во Камден, а еден во Вилсден, пренесува Би-би-си. Со децении, Американските воздухопловни сили (USAF) ја користат базата „РАФ Ферфорд“ како истурена оперативна локација. Во последните месеци, американски бомбардери полетуваа од оваа база кон Блискиот Исток, откако Обединетото Кралство го одобри барањето на САД за користење на објектот за одбранбени напади врз Иран. Во јули, Иран изјави дека „секоја база што се користи за агресија врз иранска територија претставува легитимна цел за неговите сили“. Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа за „Фокс њуз“ изјави дека е јасно оти во настаните бил вклучен „странски актер“, иако не понуди ниту докази, ниту детали. „Она што се случи, она што за малку ќе се случеше или она што можеше да се случи во Обединетото Кралство за време на викендот, претставува многу сериозна ситуација. Јасно е дека е вклучен странски актер“, рече тој. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба изјави дека е „изненаден“ од ослободувањето на петтемина осомничени и дека тој не би им дозволил да излезат со кауција. „Знаеме сè за нив; немаше да ги пуштиме надвор“, рече Трамп, додавајќи дека Обединетото Кралство тесно соработувало со САД на овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook