Шакира фотографирана тажна и очајна со синовите (ФОТО) - Канал 5

Шакира фотографирана тажна и очајна со синовите (ФОТО)

Пејачката е фотографирана додека се шета со своите синови, кои исто така делуваат тажно.

Шакира фотографирана тажна и очајна со синовите (ФОТО)

Фотографиите од тажната Шакира со нејзините деца се направени еден ден откако во јавноста се појави видео на кое нејзиниот поранешен сопруг се бакнува со новата девојка.

Иако таа наводно знаела за врската, договорот бил фудбалерот на Барселона да ја крие својата љубов во наредната година.

Новата девојка на Пике е Клара Чиа Марти (23), студентка на односи со јавноста, а интимното видео е снимено на летен фестивал во Каталонија.

Шакира и Пике во јуни ставија крај на 12-годишната врска, а набргу почна да се шушка дека фудбалерот е во тајна врска со Клара која работи за него. Се претпоставува дека тие се запознале на настан на неговата продукциска куќа Космос. Блиски до парот велат дека тие се гледаат „подолго време“.

Шакира и Пике имаат два сина, Милан (9) и Саша (7), а се запознаа во 2010 година на снимањето на спотот за песната „Waka, Waka“ за промоција на Светското првенство во 2010 година.

Тие се договориле привремено старателството да ѝ припадне на Шакира, и покрај тоа што Пике сака момчињата да останат со него во Барселона, а таа сака да ги одведе во Мајами. Бившиот пар поседува богатство од 300 милиони фунти кое треба да го подели, како и приватен авион од 15 милиони фунти и замок од 6 милиони фунти.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно место

Светската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. 

Фото: Ријана ги покажа  децата, ги одведе на своето посебно место

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“.

Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент.

„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм.

Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот.

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер