ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот! - Канал 5

ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!

На народот можете да му продавате бајки, ПР-стратегии и евтини изговори за „нафтени кризи“, но кога ќе дојде денот за пресметка — бројките никогаш не лажат! 

ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!

Прес-конференцијата на Министерката за финансии целосно го демантираше Премиерот и го потврди точно тоа на што економските експерти на ЛДП гласно предупредуваа: вториот ребаланс на буџетот не е никаква „навремена заштита на граѓаните“, туку официјално признание за фискален хаос, расипништво и тотална неспособност.

Додека Премиерот ги убедуваше граѓаните дека буџетот се прекројува исклучиво поради намалените акцизи за горивата, Министерката ги разобличи овие невистини. Дупката од 86 милиони евра и кратењето на расходите не се резултат на заштеди, туку на тотален колапс на капиталните инвестиции!

Ова се поразителните факти кои излегоа на видело од самата шефица на македонскиот буџет:

- Скратени се 30 милиони евра од Министерството за енергетика — точно во секторот каде што беа најпотребни инвестиции за енергетска стабилност!

- Скратени се над 24 милиони евра за животна средина — поради неспособност да се искористат европските ИПА фондови, што е скандалозно за влада која декларативно се колне во ЕУ!

- Закочени се сите клучни проекти — пропаднаа тендери, одложена е дигитализацијата на Трезорот. Помпезно најавуваниот почеток на градба на брзата пруга до Солун и Белград за септември 2026 остана уште една неисполнета бајка. Сите имаме добра меморија!

Владата тотално ги игнорира реалните потреби на граѓаните. Наместо итно да направи сеча на непродуктивните трошоци — на измислените функции, непотребните заменички позиции, преплатените управни одбори, луксузните кабинети и советничките армии — таа скрати од развојот на државата. Истовремено, скришум ја задолжи државата за нови 150 милиони евра со висока камата од 5,25% само за да плаќа стари камати и главници!

За дебаклот да биде комплетен, Министерката веќе најавува дека во декември веројатно ќе има ТРЕТ ребаланс! Ова е крунски доказ дека во оваа Влада нема ниту план, ниту стратегија, ниту минимална фискална дисциплина.

Ова повеќе не е управување со јавните финансии, ова е возење авион без пилот. А кога авионот лета без пилот и без навигација, катастрофата е неизбежна — а опасноста од падот е за патниците, односно македонските граѓани и стопанството!

ЛДП бара итно запирање на правењето нови дупки со скапи задолжувања и конечна сеча на сите измислени партиски функции и привилегии пред државата целосно да доживее фискален колапс!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските.

Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија.

Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.

Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија.

Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.

Почитувани граѓани,

Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.

Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

Легендарниот германски фудбалер, 36 годишниот Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

По завршувањето на фудбалската кариера, поранешниот ас на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската улога, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции.

Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација за својата намера да се вклучи во специјализирана тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/2028.

Иако неговото играчко искуство му овозможува одредени тренерски ангажмани во Шпанија, Германецот сака да се стекне со УЕФА А-лиценца и постепено да се подготвува за работа во професионалниот фудбал.

Во моментов тој е ангажиран во развојот на млади фудбалери во својата фудбалска академија во близина на Мадрид, но неговите амбиции полека се насочуваат кон сениорскиот фудбал.

Реал Мадрид веќе ја разгледуваше можноста Крос да ја продолжи соработката со клубот преку некоја од улогите во тренинг-центарот „Валдебебас“.

Сепак, тогаш не беше пронајдено соодветно решение, бидејќи ниту клубот, ниту поранешниот играч од средниот ред не сакаа да ја форсираат соработката само поради неговото име и статусот на легенда.

Односите меѓу Крос и раководството на Реал останаа одлични, па неговото враќање во мадридскиот клуб во иднина не би претставувало изненадување.

Германецот ја заврши својата играчка кариера во 2024 година, по Европското првенство, оставајќи зад себе импресивна колекција на трофеи. Тој освои вкупно шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн, а во 2014 година стана светски првак со германската репрезентација.

Заедно со Лука Модриќ и Касемиро, тој го сочинуваше еден од најдоминантните средни редови во историјата на европскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони.

Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна.

Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер