АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
1АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
ХороскопДневен хороскоп за 9. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 9. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот. Кариера Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист. Здравје Вежбајте за да зајакнете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат. Кариера Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало. Здравје Движете се што повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност. Кариера Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа. Здравје Движете се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Кариера Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Здравје Јадете помалку и патувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Кариера Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Здравје Не останувајте сами дома, излезете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж. Кариера Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно. Здравје Останете свои. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни. Кариера Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате. Здравје Внимавајте на вируси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде. Кариера Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново. Здравје Верувајте во себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте. Кариера Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија. Здравје Радувајте и се на иднината. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите. Кариера Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат. Здравје Веќе не сакате да ве искористуваат. Лав 23.7-22.8. Љубов Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето. Кариера Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода. Здравје Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Кариера Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој. Здравје Слабост и главоболка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook