Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
СветСеверна Кореја продолжи со ракетни тестови, остри осуди од Јапонија и САДСеверна Кореја утринава истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон нејзините источни води, објавија нејзините соседи, наведувајќи дека тоа е извршено само неколку дена по завршувањето на јужнокорејско-американските воени вежби.Пјонгјанг на овие вежби гледа како на проба за инвазија на нејзина територија. Утринава севернокорејската ракетна проба беше првата позната проба по околу еден месец. Експертите претходно прогнозираа дека Северна Кореја ќе ги прошири своите ракетни тестови и ќе ја заостри воинствената реторика пред претседателските избори во САД во ноември за да ја зајакне својата позиција во можните дипломатски контакти. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека Северна Кореја истрелала три проектили, два во 7 часот и 44 минути утринава, а третиот околу 37 минути подоцна. Јапонскиот премиер Фумио Кишида на седница на парламентот изјави дека севернокорејски проектили паднале во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија и дека не е забележана опасност или повредени. Тој го осуди повторното тестирање на балистички ракети како акција што „го загрозува мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународното општество“. Кишида рече дека Јапонија силно протестирала против активностите на севернокорејските ракетни тестирања, нагласувајќи дека таа ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН со кои се забранува Пјонгјанг да врши балистички активности. Војската на Јужна Кореја, исто така, соопшти дека открила неколку балистички ракети со краток дострел, лансирани од Северна Кореја утринава. Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја во соопштение нагласи дека лансирањето е „јасна провокација“ и се заканува на мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров. Како што се додава, Јужна Кореја истакна дека ќе ја задржи својата подготвеност да одбие каква било провокација од Северна Кореја, врз основа на нејзиниот цврст воен сојуз со САД. Според проценките на Јапонија и Јужна Кореја, севернокорејските проектили истрелани од областа околу нејзиниот главен град поминале околу 300 до 350 километри и достигнале максимална висина од 50 километри. Набљудувачите рекоа дека должината на летот на ракетите покажува дека тие биле оружје насочено кон клучни објекти во Јужна Кореја, како што е воениот штаб во централниот регион. Американскиот Стејт департмент го осуди лансирањето на ракетата, велејќи дека тоа претставува закана за соседите на Северна Кореја и ја поткопува регионалната безбедност. Во соопштението се вели дека посветеноста на САД за одбраната на Јужна Кореја и Јапонија останува цврста. САД имаат околу 89.000 војници во Јужна Кореја и Јапонија, столбот на нивното воено присуство во азиско-пацифичкиот регион. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Јужна Кореја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter