Северина се соблече гола и дебело наплати - Канал 5

Северина се соблече гола и дебело наплати

Дел од атмосферата од снимањето таа ја сподели на социјалната мрежа, покажувајќи како лежи гола додека машка рака од некој таинствен помошник става подароци по нејзиното тело.

Северина се соблече гола и дебело наплати

Додека со месеци се шпекулира за разводот на Северина и Игор Којиќ, пејачката и синот на фолкерот Драган Којиќ Кеба никогаш официјално не се огласија по тоа прашање, но Севе од април, кога ја напушти Србија, во јавноста се однесува како слободна жена.

Таа веќе навикна да привлекува поголемо внимание со својот приватен живот отколку со песните, па во пресрет на католичкиот Божиќ одлучи за рекламни цели да се соблече гола и да се спакува како подарок. Имено, станува збор за провокативна празнична реклама за козметички производи чие заштитно лице е Северина.

Дел од атмосферата од снимањето таа ја сподели на социјалната мрежа, покажувајќи како лежи гола додека машка рака од некој таинствен помошник става подароци по нејзиното тело.

За потсетување, Северина најголема популарност стекна во 2004 г., кога во јавноста се најде нејзина порно снимка од јахта. Главен актер покрај пејачката беше нејзиниот некогашен љубовник Милан Лучиќ, кој во тоа време беше оженет и со сопругата чекаше трето дете. Меѓутоа, тоа не е единствен пат публиката да ја види како од мајка родена. Нејзини порно-фотографии на кои таа е гола во хотелска соба пред две години се најдоа на интернет, а потоа завршија на насловни страни.

Тогаш пејачката се обиде да се претстави како жртва, не само на наводни хакери, кои ја злоупотребиле содржината од нејзиниот релефон, туку и на судот, па и на државниот систем, кои, како што тврдеше таа, се здружиле против неа во борбата за старателство над синот Александар, што ја води со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери

Двајца тинејџери, на возраст од 17 и 18 години, се повредени во експлозија на железничка станица во германскиот град Аугсбург.

Уште еден  сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери

Според полициските извештаи, железничкиот сообраќај е целосно прекинат.

Германските медиуми јавуваат дека најверојатно експлодирала рачна граната во близина на продавница за златари.

Експлозијата оштетила и прозорци. Експерти за експлозиви од баварската покраинска криминалистичка полиција се на местото на настанот, потврди полицијата по истрагите.

„Дер Шпигел“ известува дека во меѓувреме е пронајден уште еден сомнителен предмет.

Според „Билд“, полицијата истражува можна поврзаност со организиран криминал, а се сомнева дека железничката станица не била целта.

„Зградата на станицата и перон 1 моментално се затворени“, изјави портпаролот на полицијата.

Железничкиот сообраќај е нарушен и се одвива на другите перони. Патниците можат да пристапат до другите перони преку северниот и јужниот влез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Бурна атмосфера во Лекарската комора...Денешното Собрание мина со викотници и остри обвинувања помеѓу докторите... 

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Тензии и препукувања меѓу докторите пред изборите на ново раководство и претседател на Лекарската комора. На денешното собрание беа распишани избори за нови делегати, но паднаа и обвинувања дека поради истечениот мандат на актуелната претседателка од јули, лекарите нема можат да ги обноват лиценците. Калина Гривчева Старделова која осум години раководи со комората ги отфрла обвинувањата и кажа дека нејзиниот потпис и одлуките се легитимни се до завршување на изборниот процес.

„Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде.“

„Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност кои се потпишувани од лекарската комора.“

За едни тоа што досега немало собраниска седница е опструкција на процесот, за други пак немање на кворум за нејзино одржување.

„Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа и не можат да дојдат, изјави Калина Гривчева Старделова.“

„Тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката - избори, изјави Ленче Неловска.“

По две последователни мандати, Гривчева-Старделова заминува од челната позиција во Комората. Изборот на новите делегати е првиот чекор, а новиот претседател треба да биде избран до крајот на октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Денеска во Скопје на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Донев зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Во текот на својот професионален ангажман беше посветен на истражувањето на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1979 година. Магистрирал во 1986 година, а докторирал во 1993 година, посветувајќи значаен дел од својот научен интерес на меѓународните политички аспекти на македонското прашање.

Својата научна кариера ја градеше во Институтот за национална историја во Скопје, каде што достигна звање научен советник и редовен професор. Предавал и на повеќе високообразовни институции, меѓу кои Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Во периодот од 1999 до 2012 година беше извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а претходно бил и директор на Охридскиот летен универзитет.

Во деведесетите беше претсадател и на управниот одбор на Фондацијата Инстут Отворено Општество Македонија, под покровителство на филантропит и финансиер Џорџ Сорос.

Во дипломатската кариера, Јован Донев беше амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон, во периодот од 2013 до 2017 година.

Во истиот период бил акредитиран и како амбасадор во Ирска и Исланд, претставувајќи ја Македонија во важен период од нејзините меѓународни односи.

Во 2017 година бил и член на Советот за безбедност на Република Македонија.

Донев е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика. Меѓу неговите позначајни дела се публикации посветени на Македонија во меѓународните договори, односите на големите сили кон Балканот и македонското прашање во периодот на Балканските војни.

Во последните години беше активен како колумнист и политички аналитичар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер