Маќеа им ја уништи свадбата на младенците- им направила долг од 5.700 евра - Канал 5

Маќеа им ја уништи свадбата на младенците- им направила долг од 5.700 евра

Еден маж на Reddit ја сподели приказната за својата свадба, која, наместо убави спомени, заврши со голема семејна караница и непланиран трошок од речиси 5.700 евра. 

Маќеа им ја уништи свадбата на младенците- им направила долг од 5.700 евра

Тој тврди дека за сè е виновна неговата маќеа, со која бил близок 22 години. Поради нејзиното однесување, тој решил да прекине секаков контакт со неа.

Имале повеќе од илјада гости на свадбата

Еден маж се преселил од САД во Азија за својата сопруга, каде што организирале голема свадба со дури 1137 гости. Неговата маќеа била меѓу дваесетте гости кои дошле од Америка.

Во објавата, тој истакнал дека станува збор за доктор кој заработува повеќе од 258.000 евра годишно, поради што дури и не помислил дека може да има проблем со плаќањето на нејзините трошоци.

Маќеата нарачала луксузни услуги

Проблемите започнале три дена по свадбата, кога младенците откриле дека маќеата не платила за голем број услуги што ги користела за време на престојот.

Меѓу неплатените сметки беа трошоците за хотелски сместување, собна услуга, приватни шминкери, кроени фустани и изнајмување луксузни автомобили. Покрај сето тоа, маќеата на сопствена иницијатива ангажираше професионални танчери кои настапија за време на свадбената вечера.

„Таа сакаше професионални танчери да настапат за време на вечерата затоа што сакаше сè да биде „спектакуларно“. Ги ангажираше самата, го договори датумот и го избра пакетот. Беа неверојатни. Но, како што можете да претпоставите, таа не им плати. Покрај тоа, им рече дека ние ќе ја платиме сметката“, напиша човекот.

Тој додаде дека маќеата допатувала на свадбата во прва класа и се фалела со своите деловни успеси пред гостите. Затоа бил уште повеќе изненаден кога сфатил дека ги оставила сите сметки на него и неговата сопруга.

„Твојата сопруга има богато семејство, нека платат тие“

Кога дознал за неплатените сметки, се обидел да стапи во контакт со маќеата, но таа не му одговарала со денови.

На крајот, таа му испратила порака која, вели таа, целосно го разбеснила. „Прелетав половина свет за да бидам на твојата свадба, а ти така се однесуваш со мене? Твојата нова сопруга доаѓа од богато семејство, во што е проблемот? Нека платат тие“, му напиша таа, според него.

Неговата приказна предизвика многу реакции на Reddit. Некои корисници се прашуваа зошто младенците воопшто би морале да ги платат трошоците што ги направила маќеата.

Apparently, stince the passing of their dad Steve Irwin his children Bindi & Robert have tried to get their mom Terri to go on a date but she would politely refuse b/c she said already found the love of her life & had her happy ever after.
by u/AdSpecialist6598 in interesting

Затоа, човекот дополнително објасни како дошло до целата ситуација. Сите дополнителни услуги биле резервирани преку агенцијата што ја организирала свадбата. Младенците одобрија резервации и платиле аванси, верувајќи дека маќеата, како што ветила, подоцна ќе го подмири остатокот од сметката.

„Секогаш сме се согласувале затоа што мојата маќеа е прекрасна личност веќе 22 години и никогаш не ја изневерила мојата доверба. Освен тоа, таа е докторка во САД и заработува многу. Затоа целосно ѝ верував кога рече дека ќе ги плати своите сметки“, објасни тој.

Го напушти хотелот без да плати

Тој го наведе хотелскиот сместување како еден од примерите. Семејството на неговата сопруга платило за пет ноќевања за сите гости што дошле од САД, но маќеата сакала полуксузен сместување. Таа побарала да ја замени својата обична хотелска соба за апартман. Младенците се согласиле на тоа, но со договор дека таа самата ќе ја плати разликата во цената.

Сепак, на денот на заминување, таа едноставно го напуштила хотелот без да се одјави на рецепција и без да плати никакви дополнителни трошоци.

На крајот, младенците морале да платат речиси 5700 евра.

Три дена по првата објава, мажот повторно се појавил на Reddit и открил како се развила ситуацијата. Тој напишал дека маќеата сè уште одбива да ги плати сметките и дека престанала да им одговара на организаторите на свадбите и на луѓето чии услуги ги користела. Таа ги блокирала на социјалните мрежи и ги избришала неговите пораки.

Бидејќи резервациите биле направени преку агенција за свадби, младенците на крајот решиле сами да го намират долгот од околу 5.500 евра за да избегнат евентуални правни проблеми. Семејството на неговата сопруга понудило да плати половина од износот.

„Целосно сум скршен, не знам зошто го направила ова“

Мажот открил дека поради сè, решил да го прекине контактот не само со маќеата, туку и со својот татко. „Одлучивме целосно да го прекинеме контактот со неа и мојот татко. Не знам зошто го направи сето тоа и ја уништи нашата неверојатна врска. Имам над 40 години и таа е една од луѓето што ги познавам најдолго, 22 години. Никогаш порано не направила нешто вакво“, напишал тој.

Тој признал дека целата ситуација силно го погодила. „Целосно сум скршен и плачам за сè, но ми е јасно дека ова е единствениот начин јас и мојата сопруга да продолжиме понатаму“, додал тој.

Неговиот татко, кој боледува од Паркинсонова болест, не присуствувал на свадбата бидејќи патувањето би било премногу напорно за него. Мажот објаснил дека никогаш не бил особено близок со својот татко и дека маќеата била причината зошто воопшто одржувале контакт.

Тој додаде дека побарал правен совет, но адвокатот, како што тврди, му рекол дека локалните власти не се заинтересирани за случајот бидејќи се работи за релативно мала сума. И покрај финансиската загуба, човекот рекол дека најмногу го боли фактот што ја изгубил врската со личноста на која ѝ верувал повеќе од две децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Според УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! 

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми.

Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање.

Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати.

Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине.

Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант.

Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“.

Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.

СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал...

Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите!

СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка.

Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка!

Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија.

Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини.

Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик.

Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година.

„Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353.

Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките.

Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески.

Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката.

Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму.

Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи.

Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија.

Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган.

Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено?

Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции.

Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот.

Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Почитувани,

Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари.

Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески.

Не може во Македонија ништо да не се презема.

Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат.

Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон.

Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити.

Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно:

Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата!

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер