ТенисСерена Вилијамс се простува од кариерата по настапот на УС Опен Американската тенисерка Серена Вилијамс (40) денеска соопшти дека овогодинешниот УС Опен ќе ѝ биде последен турнир во кариерата во која што освоила дури 23 Грен слем титули, исто толку Мастерс титули и дури 20 титули на завршни турнири.Вкупно има освоено 73 турнири, а има и злато од Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Во моментов е 408-ма во светот. Вчера во Торонто ја доби првата победа во сингл конкуренција на ВТА турнејата по 14 месеци, каде во мечот од првото коло ја победи Шпанката Нурија Паризас Дијаз (ВТА - 57.) со 6:3, 6:4. Така, Серена стана четвртата тенисерка во историјата која победила на ВТА турнејата откако го прославила својот 40-ти роденден, придружувајќи им се на нејзината постара сестра Венус, Јапонката Кимико Дејт Крум и Мартина Навратилова. Воедно со 35 победи на Канадијан опен стана најуспешната тенисерка на тој турнир. "Изгледа дека сѐ уште има светлина на крајот од тунелот. Изгледа дека се доближувам до светлината... Така е во последно време. Едвај чекам да дојдам до светлината", сликовито ја опишала оваа победа, рекордерката во опен ерата со 23 поединечни Грен слем титули. Ждрепката во второто коло ѝ ја носи победничката од дуелот меѓу чешката квалификантка Тереза Мартинцова и актуелната олимписка шампионка, Швајцарката Белинда Бенчиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНајстарата желка во светот Џонатан, на 194 години, доби награда од Гинисовата книга на рекордиЏонатан, најстарата желка во светот, доби престижна награда – икона на Гинисовите светски рекорди. Се смета дека Џонатан е роден пред 1832 година, односно има најмалку 194 години, и со тоа е најстарото живо копнено животно во светот, соопшти организацијата. Се проценува дека имал најмалку 50 години кога во 1882 година бил донесен од Сејшелите на јужноатлантскиот остров Света Елена, како подарок за идниот гувернер на оваа британска прекуморска територија, и оттогаш живее во рамките на гувернерската резиденција, вилата „Плантејшн Хаус“. Jonathan the tortoise is officially a Guinness World Records ICON ✨ Believed to have been born c. 1832, Jonathan is the oldest living land animal at the grand old age of 194 years. He is a Seychelles giant tortoise and the average life expectancy of his species is 150. pic.twitter.com/WqxBrM4Z8H — Guinness World Records (@GWR) June 17, 2026 Гинис потсетува дека Џонатан чекорел по планетата уште пред да бидат направени првите фотографии, пред да се воспостават првите телефонски разговори, и пред да биде завршена Ајфеловата кула.Тагови: Гинисовата книга на рекорди желка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски потпиша потпиша закон за измени на државниот буџетУкраинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за измени на државниот буџет за 2026 година, со кој се зголемуваат средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор за околу 1,56 милијарди украински гривни, или 30 милијарди евра.Според украинската новинска агенција Укринформ, измените предвидуваат приходите од државниот буџет за 2026 година да се зголемат за околу 44,7 милијарди евра, со што вкупните приходи ќе достигнат приближно 101 милијарда евра. Зголемувањето на буџетските приходи е предвидено, објаснува Укринформ, првенствено благодарение на финансиската поддршка од Европската Унија (ЕУ), врз основа на спроведувањето на Планот за Украина, односно спроведувањето на иницијативата на ЕУ за Украина, и зголемените приходи од даноци на доход на граѓаните поради растот на готовинските приходи на воениот персонал. Како што потсетува Укринформ, на 10 јуни Врховната рада на Украина ги усвои во второ читање и во целост измените на државниот буџет за 2026 година, кои првенствено се насочени кон зголемување на средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор. Извор: Б92Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Apple“ подготвува револуција: Сè што знаеме за преклопливиот „iPhone Ultra“ (ВИДЕО)Се појави ново видео кое сугерира како ќе изгледа претстојниот „iPhone Ultra“.Преклопливиот „iPhone“ на „Apple“, за кој се очекува да се нарече „iPhone Ultra“, беше предмет на бројни протекувања на инфорамции. Видовме рендери базирани на „CAD“, практични видеа од уредот и друго. Сега, се појави ново видео кое нуди уште еден детален поглед на дизајнот на преклопливиот уред. Јутјуберот Џон Просер од каналот „Front Page Tech (FPT)“ објави ново видео во кое го прикажува наводниот „iPhone Ultra“. Видеото го прикажува преклопливиот „iPhone“ во бела и црна боја, за кои се вели дека се единствените бои што „Apple“ планира да ги понуди при лансирањето. Исто така, дава подетален поглед на двојната задна камера, сместена во испакнатина инспирирана од „iPhone Air“, заедно со „LED“ блиц. Извор: Б92Тагови: Apple iPhone Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook