Сенаторка од Калифорнија премина кај републиканците разочарана од демократите - Канал 5

Сенаторка од Калифорнија премина кај републиканците разочарана од демократите

Сенаторка од Демократската партија во Калифорнија синоќа објави дека преминува во Републиканската партија, притоа критикувајќи го раководството и политиката на нејзината поранешна партија.

Сенаторка од Калифорнија премина кај републиканците разочарана од демократите

Мари Алварадо-Хил рече дека долго време е демократка, но таа и Демократската партија повеќе не ги делат истите вредности откако беше избрана во 2022 година.

„Последниве две години откако сум во Сенатот, не ја признавам партијата на која и припаѓам“, рече Алварадо-Хил. „Демократската партија не е партијата во која се потпишав пред неколку децении“.

Таа рече дека политиките на Демократската партија им наштетуваат на средната класа и децата во Калифорнија и ја туркаат државата во погрешна насока.

Регистрирани првите случаи на вирусот Западен Нил во Грција за оваа сезона

Четирите случаи на инфекција биле дијагностицирани истовремено, а според ЕОДИ, станува збор за пациенти на возраст од над 65 години.

Регистрирани првите случаи на вирусот Западен Нил во Грција за оваа сезона

Во изминатите 48 часа во областа Атика, поширокиот регион на Атина биле регистрирани четири случаи на вирусот Западен Нил, што воедно се и првите во Грција за оваа година, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Четирите случаи на инфекција биле дијагностицирани истовремено, а според ЕОДИ, станува збор за пациенти на возраст од над 65 години.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 220 случаи, а од Западен Нил и починале 35 лица.

Мицкоски: Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа непогода да биде победена

Фејсбук обајва на премиерот Христијан Мицкоски по одржувањето на Кризниот штаб за состојбите со пожарите.

Мицкоски: Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа непогода да биде победена

„Вечерва се одржа состанок на Кризниот штаб за состојбата со пожарите.

Упатуваме искрена благодарност до Армијата, Полицијата, припадниците и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК, за нивната несебична ангажираност и надчовечки напори.

Сите тимови се целосно мобилизирани и посветени на справување со ситуацијата. Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа непогода да биде победена.

Заедно и одлучно!“- напиша Мицкоски на Фејсбук.

ЕСЧП го одби барањето на Ле Пен за суспензија на извршувањето на нејзината казна

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска го одби барањето на лидерката на десничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен, за привремена мерка која би значела суспензија на извршувањето на нејзината казна во Франција.

ЕСЧП го одби барањето на Ле Пен за суспензија на извршувањето на нејзината казна

Судот процени дека не постои ризик од непоправливо кршење на нејзините права.

Ова е, како што пишува „Фигаро“, дополнителен удар за Националниот собир на правен план, откако во седиштето на партијата беше извршен претрес од страна на судски истражители на париското обвинителство во рамките на истрага за финансирањето на кампањата на последните избори.

Ле Пен, која и понатаму планира да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, побара од судиите на ЕСЧП, како привремена мерка пред конечното одлучување за случајот, да го суспендираат извршувањето на нејзината казна забрана за кандидирање на избори. Оваа казна беше донесена со непосредно извршување и покрај жалбата до апелацискиот суд.

Европскиот суд за човекови права во соопштение наведе дека го одбил ова барање врз основа на член 39 од својот правилник, со кој им се овозможува на подносителите да бараат привремена суспензија на судска одлука, бидејќи „не постои непосредна опасност од непоправлива штета за право заштитено со Европската конвенција за човекови права“. Одлуката е донесена едногласно од сите седум судии кои го разгледуваа барањето.

Овој чекор, објаснува „Фигаро“, претставува прв неуспех за Марин Ле Пен во постапката пред ЕСЧП, но таа поднесе и второ барање кое ќе биде разгледувано на подолг рок. Во него, таа ја оспорува самата казна за забрана за кандидирање, тврдејќи дека таа ги крши правата на одбрана и слобода на избор во Франција.

притисни ентер