ТМЗ разговарале со адвокатите што ги застапуваат семејствата на починатиот 14-годишен Џон Хилгерт и 27-годишниот Даниш Баиг.
Имено, семејствата решиле да ја одбијат понудата на Скот, а едно од инволвираните семејства неговиот обид да помогне го нарекле „шлаканица во лице“.
- Добивме писмена понуда од адвокатот на Скот, Ден Петрочели, во која се тврди дека ќе плати 7.500 долари за погребни трошоци. Моите клиенти ја одбија понудата, изјави Мајкл Лајонс, адвокат на семејството Баиг.
Наводно, семејството Баиг не сака Тревис Скот „ниту случајно“ да го погреба нивниот син.
„Кога родителот треба да го закопа своето дете, не го интересираат луѓето кои придонеле и учествувале во овој трагичен настан“, рече Лајонс.
Адвокатската фирма Митоф, која го застапува семејството на Хилгерт во слична тужба против Тревис, исто така одбиле финансиска помош.
ТМЗ вели дека адвокатот Лајонс и семејството на Даниша Баиг се надеваат на „правна реформа“ што ќе спречи сличните настани да се повторат.
Семејството на починатото 9-годишно дете, Езра Блаунт, исто така ја одбиле понудата на Тревис за погребни трошоци.