Избори Бугарија: И односите со Македонија во фокусот на тв-дебата меѓу Јотова и Ѓуров - Канал 5

Избори Бугарија: И односите со Македонија во фокусот на тв-дебата меѓу Јотова и Ѓуров

Односите со Македонија и францускиот предлог предизвикаа судир на ставови меѓу кандидатите за претседател на Бугарија, во синоќешната предизборна дебата на Бугарската национална телевизија.

Избори Бугарија: И односите со Македонија во фокусот на тв-дебата меѓу Јотова и Ѓуров

Во пресрет на неделниот втор круг од претседателските избори, се вжештува атмосферата меѓу двајцата кандиати за пртетседател на БУгарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров, а македонското прашање повторно се најде во фокусот на кампањата.

Иако останаа единствени околу официјалната бугарска позиција кон Македонија, Јотова и Ѓуров разменија критики за начинот на кој бил постигнат европскиот консензус. Јотова порача дека Софија треба да го задржи досегашниот курс, оценувајќи дека од потпишувањето на договорот до денес нема подобрување на односите со Македонија. Нејзиниот противкандидат пак ја обвини за промена на ставот кон францускиот предлог, потсетувајќи дека тогаш остро ја критикувала Владата.

-Што се однесува до националната позиција, во мене гледате човек кој нема да отстапи ни еден сантиметар од тоа што е веќе договорено. И покрај тоа што Скопје прави многу сериозни обиди да стават настрана определени протоколи, сакам да напоменам нешто друго: кога г-дин Кирил Петков беше премиер, бугарската позиција буквално беше спасена во „5 до 12“, бидејќи тој сакаше да ја предаде бугарската позиција – изјави Јотова.

-Тогаш претрпевме многу напади и обвинувања дека се предаваат бугарските интереси. Сега кога веќе го имаме францускиот договор пост-фактум сите партии и во Европскиот парламент, а сега ја слушаме и г-ѓа Јотова го поддржуваат безрезервно, и се вели дека тоа е многу добро решение за Бугарија. Така што г-ѓо Јотова, кога сме искрени? Тогаш кога ги атакуваме своите опоненти, или кога гледаме дека тие дејства всушност и помогнале на бугарската позиција? Сега европската позиција е дека Бугарите треба да бидат вметнати во Уставот на Република Македонија и на тој начин да бидат заштитени правата на Бугарите во Македонија,- Андреј Ѓуров.

Наспроти пораките од Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 порача дека Владата ќе продолжи да ги брани националните интереси во евроинтеграцискиот процес. Според него, тешкиот пат кон ЕУ е последица на обврските што ги оставила претходната власт на СДСМ, но нагласи дека има легитимитет од граѓаните да се бори за македонските позиции.

Во пресрет на неделниот втор круг од претседателските избори во Бугарија, неизвесноста останува. Иако предизборните анкети предвидуваа убедлива предност за Илијана Јотова, првиот круг, кој го одбележа исклучително ниска излезност од само 22 отсто, покажа значително помала разлика. Според агенцијата „Мјара“, Јотова освои 35, а Андреј Ѓуров 31,9 проценти од гласовите. Нови релевантни анкети засега нема, но според бугарските социолози, пресудни за исходот ќе бидат излезноста и распределбата на гласовите од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

Во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи.

Откриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина.

По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните

Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал.

Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.

На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога.

Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици.

Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радарите

Хеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.

Хеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радарите

Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало.

Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата.

Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град.

Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта.

Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите.

Во потрагата се вклучува и војската

Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската.

„Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат.

Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена.

Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер