Село Никифорово доби повеќенаменско игралиште - Канал 5

Село Никифорово доби повеќенаменско игралиште

Во село Никифорово во општина Маврово-Ростуше денеска е пуштено во употреба повеќенаменско игралиште, инвестиција од седум милиони денари, реализирана преку владиниот проект за таа намена и Агенцијата за млади и спорт.

Село Никифорово доби повеќенаменско игралиште
Игралиштето го пуштија во употреба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на ААМС Марјан Спасески. Тоа е 27-мо од предвидените 100 повеќенаменски игралишта со проектот на Владата, а според Агенцијата за млади и спорт, уште 22 низ целата држава се завршени и подготвени за отворање.

Изградено е на површина од 1.300 метри и со димензии 45 x 28 метри квадратни, со можност за играње кошарка, мал фудбал, ракомет, серва и други спортови. Ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветлено со рефлектори.

Според министерката Јанкулоска, придобивките од спортот треба да ги чувствуваат сите граѓани без разлика на местото на живеење во Македонија.

- Пуштањето во функција на повеќенаменското спортско игралиште кое е изградено во рамки на проектот на Владата на РМ „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“ го гледам повеќе како една силна порака - дека спортот не е и не треба да биде ексклузивитет само на големите урбани центри, туку подеднакво како можност што треба да му се пружи секому и секаде. Денеска село Никифорово е пример за тоа, рече Јанкулоска.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт се осврна на инвестициите и вложувањата во спортот и во спортската инфраструктура.

- Од капиталните инвестиции во спортот, кои ги реализира Владата, преку АМС придобивки видоа многу општини. Придобивки виде и општината Маврово Ростуше каде ја изградивме спортската сала Македонија во село Ростуше, a денес го предаваме во употреба овој повеќенаменски терен, а во следниот период ќе инвестираме и во изградба на еден тениски терен во Маврови Анови", потенцираше Спасески.

Тој им порача на младите активно да го трошат слободното време во спорт и рекреација. - Затоа спортувајте, вежбајте, натпреварувајте се, а ние ќе го следиме секој ваш успех и ќе го вреднуваме секој ваш резултат, наведе Спасески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон пресече: Судбината на Иран на Светското првенство е позната

​Фудбалската репрезентација на Иран доби визи за влез во Соединетите Американски Држави пред Светското првенство во 2026 година, потврдија американските претставници. 

Вашингтон пресече: Судбината на Иран на Светското првенство е позната

Одлуката доаѓа само девет дена пред првиот натпревар на Иран против Нов Зеланд, закажан за 15 јуни во Лос Анџелес.

Американските претставници изјавија дека визите потребни за учество на Иран на Светското првенство се издадени, вклучително и за играчите и клучниот тренерски и логистички персонал. Тие, исто така, нагласија дека Вашингтон нема да дозволи злоупотреба на визниот систем за да им се дозволи на лица поврзани со тероризам да влезат во САД под лажни изговори.

Иранската фудбалска федерација сè уште не коментираше јавно за одобрувањата на визите. Процесот е дополнително комплициран поради затегнатите односи меѓу САД и Иран и проверката од страна на САД на лица со можни врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Иран претходно ја премести својата тренинг база од Тусон, Аризона, во Мексико поради проблеми со визите.

Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, изјави дека одлуката е донесена поради неизвесноста околу влезот во САД.

Светско првенство во кое учествуваат три нации Светското првенство во 2026 година започнува на 11 јуни и за прв пат ќе биде ко-домаќин на САД, Канада и Мексико. Турнирот ќе биде прв во проширен формат со 48 екипи, при што Иран ќе игра во групната фаза против Нов Зеланд, Белгија и Египет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин го одби предлогот на Зеленски за директна средба

Претседателот на Русија,  Владимир Путин го отфрли повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба со цел да се разговара за можен крај на војната меѓу Русија и Украина.

Путин го одби предлогот на Зеленски за директна средба

Говорејќи на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, Путин упати критики кон Зеленски и порача дека не е најважна возраста на лидерите, туку нивната способност успешно да ја извршуваат својата работа.

Претходно, Зеленски испрати отворено писмо до рускиот лидер во кое предложи директни разговори и оцени дека продолжувањето на војната носи сè поголем товар за руската економија и армија.

Путин, пак, изјави дека никогаш не одбил состанок, но нагласи дека пред евентуална средба мора да има сериозни подготовки и договорени основи за разговорите. Тој повторно се повика на разговорите што ги имал со Доналд Трамп во Алјаска минатата година.

Во своето писмо Зеленски истакна дека прашањата поврзани со Украина и Европа не можат да се решаваат без директно учество на засегнатите страни, додека Кремљ и понатаму инсистира на своите услови поврзани со териториите што Москва ги смета за дел од Русија.

Рускиот претседател оцени дека во моментов Украина е страната која најмногу е заинтересирана за средба, бидејќи сака да ја запре руската офанзива. Воедно, тој упати порака за поддршка до руските сили на фронтот.

По изјавите на рускиот претседател, Зеленски реагираше со оценка дека Москва повторно избира продолжување на војната наместо дипломатско решение. Според него, одбивањето на директни разговори покажува дека Кремљ не е подготвен за брз прекин на конфликтот и дека е потребен дополнителен меѓународен притисок врз Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство

„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.

Филипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики.

Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот.

„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.

Тој предупреди дека национализмот, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат како заеднички фронт против реформите и европските вредности.

„Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе се здружуваат во своето спротивставување на реформите, демократијата и европската интеграција“, рече Филипче.

Криминалните мрежи и ретроградните политички структури имаат заеднички интерес да го блокираат напредокот на државите од регионот.

„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, нагласи претседателот на СДСМ.

Филипче посочи дека токму затоа е потребна нова форма на регионално поврзување на прогресивните сили преку „Скопската иницијатива“.

„Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, порача тој.

Претседателот на СДСМ нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан се заеднички и бараат заеднички одговор.

„Потребна ни е конкретна акција. Потребна ни е солидарност и меѓусебна поддршка. Потребни ни се заеднички стратегии, споделено знаење и координирани напори“, истакна Филипче.

Тој порача дека прогресивните сили мора да покажат единство и одлучност во спротивставувањето на ретроградните политики во регионот.

„За да ја победиме оваа ‘црна регионална коалиција’, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача Филипче.

На крајот од своето обраќање, тој нагласи дека нема друга алтернатива освен меѓусебна поддршка и заедничко дејствување за зачувување на европскиот пат, демократијата и социјалната правда во регионот.

Линкови:

https://www.youtube.com/watch?v=K1sJylGUglI

https://www.youtube.com/watch?v=05nF_54GXtU

Скопје, 06.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер