Пет дена пред Мундијалот, Германија останува без големиот талент Карл? - Канал 5

Пет дена пред Мундијалот, Германија останува без големиот талент Карл?

 Германската фудбалска репрезентација ќе биде без еден од најталентираните играчи на  престојното Светското првенство во САД, Канада и Мексико, бидејќи Ленарт Карл се повреди на последниот тренинг пред последниот контролен натпревар.

Пет дена пред Мундијалот, Германија останува без големиот талент Карл?

Селекторот на популарните „Панцири“ Јулијан Нагелсман потврди дека ситуацијата воопшто не е наивна.

„Карл се повреди на денешниот тренинг. Не изгледа добро. Мора да почекаме дијагноза и да видиме дали ќе може да игра на Светското првенство или ќе мора да повикаме замена“, рече Нагелсман.

Повредата доаѓа во најлошиот можен момент за младиот фудбалер, кој зад себе имаше сезона од соништата во ФК Баерн Минхен. Карл постигна 17 гола на 40 натпревари и со тоа се етаблираше како еден од најперспективните германски фудбалери.

Нагелсман покажа дека сериозно смета на него во продолжението на своето обраќање.

„Ќе видиме во текот на следната недела. Многу размислував за него во последните месеци“, рече селекторот кога го прашаа дали Карл заслужува место меѓу стартерите.

Германија сега со нетрпение ќе ги чека резултатите од прегледот, бидејќи евентуалното отсуство на Карл би претставувало сериозен удар пред почетокот на Мундијалот.

На Светското првенство, Германците ќе играат во група со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. 

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс.

Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Кинески предлози за соработка

Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување.

Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. 

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар.

Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили.

Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари.

Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов.

Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер.

Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп.

-Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре.

-Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје.

Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер