МакедонијаФилипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот. „Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче. Тој предупреди дека национализмот, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат како заеднички фронт против реформите и европските вредности. „Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе се здружуваат во своето спротивставување на реформите, демократијата и европската интеграција“, рече Филипче. Криминалните мрежи и ретроградните политички структури имаат заеднички интерес да го блокираат напредокот на државите од регионот. „Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, нагласи претседателот на СДСМ. Филипче посочи дека токму затоа е потребна нова форма на регионално поврзување на прогресивните сили преку „Скопската иницијатива“. „Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, порача тој. Претседателот на СДСМ нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан се заеднички и бараат заеднички одговор. „Потребна ни е конкретна акција. Потребна ни е солидарност и меѓусебна поддршка. Потребни ни се заеднички стратегии, споделено знаење и координирани напори“, истакна Филипче. Тој порача дека прогресивните сили мора да покажат единство и одлучност во спротивставувањето на ретроградните политики во регионот. „За да ја победиме оваа ‘црна регионална коалиција’, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача Филипче. На крајот од своето обраќање, тој нагласи дека нема друга алтернатива освен меѓусебна поддршка и заедничко дејствување за зачувување на европскиот пат, демократијата и социјалната правда во регионот. Линкови: https://www.youtube.com/watch?v=K1sJylGUglI https://www.youtube.com/watch?v=05nF_54GXtU Скопје, 06.06.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседателПарламентарната група Тиса поднесе иницијатива Унгарскиот парламент да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница на 11 август, во согласност со уставните рокови.Парламентарната група Тиса денес поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница во вторник, 11 август. Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде вклучен како додаток на дневниот ред на вонредната седница на парламентот, закажана за 10 и 11 август, објави унгарскиот портал Индекс. Според образложението на иницијативата, новиот претседател на Републиката треба да биде избран во вторник, 11 август, односно во рокот пропишан со унгарскиот Устав. Иницијативата ја поднесе шефицата на пратеничката група Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а покрај лидерот на партијата, Петер Маѓар, ја потпишаа уште 42 пратеници. Фото: ВИТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСкандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме. На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле. До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.Тагови: Олуја Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветОколу 800.000 Либанци се вратија домаОколу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади. Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор. По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни. Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии. „Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат. Фото: ВИТагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08