3Гаши: Поддршката за глувите и наглуви лица не треба да се гледа како прашање што и припаѓа само на една заедница
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопДневен хороскоп за 6. јуни 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 6. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Уставните измени не се ризик за идентитетот, туку политиката на изолација на МицкоскиВласта води изолациона политика со која директно го загрозува националниот идентититет, обвинува опозицијата. Според Филипче ваквата политика ја оддалечува земјава од ЕУ и порача дека е потребно да се донесат уставните измени за напрадок на државата. Тие, како што посочува Филипче, сами по себе, не претставувале никакв ризик за идентитетот, јазикот и културата и обвини дека валсата ги користи црвени линии за лажен патриотизам. Посетата на валдината делегација во САД Филипче ја оцени само како екскурзија, без никакви видливи и конкретни резултати. „Имаме седум заеднци во Уставот, уште три-четири нема ништо да сменат. Јас сум свесен дека можеби од бугарска страна за време на преговорите ќе има некаква тенденција во делот на историската комисија, но уметноста на политиката е да ги избегнете сите тие ризици, а да направите добро за државата. Христијан Мицкоски диркетно го загорозува идентитетот со оваа изолационалистичка политика и тоа светот веќе го знае и затоа му полажува кај му е местото со такви маргинални останоци во Америка. Гледаме дека сега овие денови пристугнуваат делегациите во Њујорк, а тие се таму веќе една недела и не видовме апсолутно ништо конкретно.“ – Венко Филипче, претседател на СДСМ Филипче порача дека според неговите сознанија можно е земјава во новата стратегија за проширувањето да остане без финансиски средства од Унијата, преку Ипа механизмот, кој според него ќе биде укинат. Најави и дека во текот на оваа недела ќе упати писмо до престедателката на Европската комисија Фон дер Лајен, првиот човек на Европскиот совет Антонио Кошта и еврокомесарката Марта Кос за како што ја нарече, хибридна војна во сферата на медиумите со отворање на српски телевизи, без дозвола за работа од АВМУ. Филипче ја критикуваше власта и за лоши економски политики поради што пратеничката група на СДСМ предлага законски мерки за заштита на земјоделците, преку Закон за за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци и сточарите. Од опозициската СДСМ очекуваат поддршка од владеачкото мнозинство за предложените законски мерки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмотМакедонија останува на европскиот пат, но евроинтеграцијата не смее да се претвори во процес за менување на македонскиот идентитет, порача премиерот Христијан Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк. На панел дискусија со грузиската заменик премиерка Мака Ботчоришвили, Мицкоски се осврна на долгогодишниот пат на земјава кон ЕУ, исполнет со, како што рече, многу отстапки од една и вештачки пречки од друга страна. Сепак, премиерот нагласува дека се бараат начини за излез од ќорсокакот и оти додека земјава е во чекалната паралелно ги исполнува обврските, се гради и развива. -Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. За жал, поради некои вештачки причини и вештачки ограничувања, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој значаен чекор. Во меѓувреме, фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки во тоа име, за да бидеме дел од ЕУ. Го сменивме државното знаме, го сменивме Уставот неколку пати, дури го сменивме и уставното име, и сето тоа ни изгледа како приказна без крај. Но, како и да е, ние веруваме во европските вредности и ќе продолжиме така, за конечно да најдеме излез од оваа заклучена ситуација. Мицкоски во обраќањето алармираше дека некои земји членки се обидуваат да го променат македонскиот идентитет, наместо да ги трансформираат македонските инстутиции преку преговарачкиот процес. Тој го посочи неформалниот француско-германски документ презентиран неодамна во Тиват, како позитивен сигнал што би можел да стане официјална политика на ЕУ, но за можниот исход останува воздржан. -За нас, за мојата генерација, преговорите со ЕУ беа еден вид начин да се променат институциите — не да се промени идентитетот. За жал, има некои земји членки коишто се обидуваат да решат некои билатерални прашања и не да ги променат нашите институции, туку да го променат нашиот идентитет. И ние сме жртва на еден вид малтретирање: или сте внатре или сте надвор, а ако сакате внатре, мора да го проголтате она што го бараме од вас. Но, како и да е, тоа е опцијата и нема подобра опција за мојата земја, изјави Мицкоски. Непосредно пред почетокот на денешната дебата на Генералното Собрание на ОН, премиерот Мицкоски и министерот Муцунски со останатите лидери учествуваа на Самитот „Партнери за мултилатеризам“, настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет. „Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси“, објави премиерот на социјалните мрежи. Мицкоски пред Генералното Собрание ќе се обрати в петок доцна попладне по македонско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши: Поддршката за глувите и наглуви лица не треба да се гледа како прашање што и припаѓа само на една заедницаОбраќање на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Меѓународниот ден на знаковните јазици.„Почитувани претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Почитувани пратеници, Почитувани претставници на институциите, Драги пријатели, Особено ми е драго што денес, во пресрет на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, се собравме овде, во Собранието на Република Северна Македонија – домот на сите граѓани. Знаковниот јазик не е само начин на комуникација. Тој е јазик на идентитетот, достоинството, еднаквоста и учеството. Но, овој ден добива значење само тогаш кога ни дава простор да размислиме за она што сè уште недостасува, да застанеме и да видиме каде се наоѓаме како општество и како институции. Овој ден е момент да се слушнеме едни со други и да размислиме за едно важно прашање: што можеме да направиме повеќе за никој да не се чувствува исклучен од институциите. Затоа сме заедно овде, со уверување и верба дека од оваа сала ќе излеземе со повеќе идеи за подобри решенија. Поддршката за глувите и наглуви лица не треба да се гледа како прашање што и припаѓа само на една заедница. Тоа е прашање на општество кое сака да биде праведно и инклузивно. Во таа насока, дозволете ми да истакнам дека во изминатите години направени се значајни чекори во признавањето и користењето на знаковниот јазик, во развојот на услугите за толкување, во пристапот до образование и во поголемото вклучување на глувите и наглувите лица. И Собранието даде свој придонес, започнувајќи ја промената од самата институција и поддржувајќи ја преку својата законодавна улога. Од 2023 година, во Собранието се организираат курсеви за изучување на знаковниот јазик за пратениците и собраниската служба. Тоа е навидум мал чекор, но со голема порака: ако сакаме институциите да бидат подостапни, тогаш треба да започнеме со тоа што ќе научиме да комуницираме едни со други. Исто така, Собранието создаде простор за соработка со здруженијата на глувите лица, поддржа активности кои го приближуваат знаковниот јазик до институционалниот живот и вложи напори вашите искуства и барања да бидат дел од нашите дискусии. Но, како што истакнав на почетокот, не би сакал денес да зборуваме само за она што е направено. Затоа што знаеме дека правото напишано во закон треба да се претвори во реална можност во секојдневниот живот. Не е доволно да кажеме дека сме создале механизми. Треба да видиме дали тие функционираат. Не е доволно да кажеме дека институциите се отворени. Треба да се осигуриме дека граѓаните можат да ги користат без бариери. Затоа особено важно го сметам вашето барање оваа средба да не остане само свечена средба, туку да послужи како почеток на поструктурирана институционална и професионална соработка. Особено во однос на развојот, стандардизацијата и пошироката употреба на знаковниот јазик, сметам дека потребен ни е континуиран дијалог, во кој институциите, експертите и самата заедница ќе работат заедно. Вие најдобро од сите знаете каде се пречките и кои се решенијата што можат да функционираат. И овде сакам да кажам нешто што за мене е многу важно: вие не барате привилегија. Барате еднакви можности за комуникација, за добивање информации, за учество и за да бидете слушнати. Токму затоа сметам дека треба сè повеќе да преминуваме од пристап во кој зборуваме за глувите лица, кон пристап во кој соработуваме и дејствуваме заедно со нив. Затоа што никој не може подобро да ги дефинира потребите на една заедница од самите луѓе кои секојдневно ги доживуваат тие потреби. Почитувани, Во мое име и во име на моите колеги пратеници и на Собранието како институција, искрено ве уверувам дека секогаш сме подготвени за соработка, за поддршка и за да ги слушнеме вашите барања. Верувам дека многу работи можат да се променат кога институциите и граѓаните не стојат едни спроти други, туку седнуваат на иста маса, како денес, и работат заедно. Затоа, оваа средба ја гледам како почеток на уште поредовна и подиректна комуникација. Собранието е дом на сите граѓани и неговата врата треба да биде отворена во секоја форма и за глувите и наглувите лица. На крај, дозволете ми да ви честитам вам, како Национален сојуз на глуви и наглуви лица, за вашата работа и секојдневниот ангажман за унапредување на правата и условите на оваа категорија граѓани во нашето општество. Вие сте инспиративен пример за она што може да се изгради кога постојат љубов, посветеност и меѓусебна почит. Затоа, со целосна увереност велам дека пораката на овој ден е онаа што треба да ни служи како водилка: Не ни се потребни зборови и глас, кога срцата и мислите зборуваат на ист јазик. Ви благодарам за довербата, за соработката и за сè што правите секој ден за збогатување на нашето општество. Сега е редот да ве слушнеме вас и заедно да разговараме за она што можеме да го направиме понатаму. Честит 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик! Ви благодарам!“- изјави Гаши.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook