Седници на три собраниски комисии - Канал 5

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Седници на три собраниски комисии

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, двата по скратена постапка.

Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години со победа го почна настапот на Балканскиот шампионат во Бања Лука, откако синоќа во воведното коло триумфираше над домаќинот Босна и Херцеговина со 3:1 (25:20, 25:23, 20:25, 25 :15).

Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка

Македонија денеска од 15:30 часот ќе се сретне со Романија, која вчера беше поразена од Турција со 3:1.

Македонските одбојкарски јуниори се дел од групата А во која завршниот дуел против Турција ќе го одиграат утре во терминот од 15: 30 часот.

Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украина

Руските власти од почетокот на војната во Украина конфискувале имот вреден околу 50 милијарди долари, покажува ново истражување објавено од московската адвокатска канцеларија НСП (Некторов, Савељев и партнери).

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украина

Истражувањето, кое прв го објави весникот „Комерсант“, ја опишува оваа појава како дел од економски модел „Крепост Русија“, насочен кон затворање на економијата и државна контрола.

Во последните три години, претседателот Владимир Путин потпиша неколку укази со кои се овозможува конфискација на западни средства во Русија како одговор на, како што ги нарекува Москва, „нелегалните дејства“ на Западот. Меѓу погодените се германската енергетска компанија „Унипер“ и данскиот производител на пиво „Карлсберг“.

Покрај странски компании, и некои големи руски фирми се најдоа под ударот на национализацијата – било поради потреба од „стратешки ресурси“, било поради обвинувања за корупција, прекршувања во процесот на приватизација или слабо менаџирање.

Иако руската економија се покажа поотпорна од очекувањата, нејзината номинална вредност во 2024 година изнесува околу 2,2 трилиони долари – многу помалку од економиите на Кина, ЕУ или САД, според податоци на ММФ.

Путин тврди дека повлекувањето на западните компании ѝ овозможило на домашната индустрија да просперира. Тој повикува на „нов модел на развој“, спротивно на она што го нарекува „застарена глобализација“.

Над 1.000 западни компании – меѓу кои и „Мекдоналдс“ и „Мерцедес-Бенц“ – го напуштија рускиот пазар, дел со продажба или предавање на клучеви на локални менаџери, а други со конфискувани средства.

На маргините на АСЕАН средба помеѓу Рубио и Лавров

Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска во Куала Лумпур ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

На маргините на АСЕАН средба помеѓу Рубио и Лавров

Тоа ќе биде втора средба помеѓу Рубио и Лавров. Тие ќе се сретнат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН.

Во Малезија вчера почна тридневниот состанок на министрите на АСЕАН, на кој се планирани и средби со главните трговски партнери на Асоцијацијата, меѓу кои САД, Кина, Јапонија, Русија и ЕУ. Во Куала Лумпур е и министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји.

притисни ентер