На улиците во Сплит, Хрватска се запалил автобусот со број 18.
Возачот на автобусот Дамир, реагирал смирено и веднаш го изгаснал пожарот а патниците без паника искочиле го напуштиле возилото.
-Осетив мирис, застанав на станицата и ги замолив патниците да излезат. Тогаш не им кажав за што се работи, само го зедов апаратот за гаснење и го изгаснав пламенот. Потоа дојдоа пожарникарите, изјавил возачот за „Dalmatinskiportal.hr“.
Пожарот пламнал на задниот дел од автобусот, веројатно кај каблите.