Повеќето клубови се согласија со одлуката за продолжување на најсилната лига во светот, а доколку се оди според планот, 17 јуни е датум за враќање на англискиот фудбал.
До крајот на сезоната остануваат уште девет кола и Ливерпул ќе ги направи последните чекори кон титулата бидејќи се убедливо први. Од друга страна, ќе има голема битка за позициите кои водат во Лигата на шампионите и за останување во лигата.
Треба да се одиграат уште 92 натпревари до крајот, а последниот натпревар од Премиер лигата се одигра на 13 март кога Лестер го совлада Астон Вила со 4: 0.
Сите натпревари ќе се играат без гледачи.