3Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
Шоу бизСе вери синот на Мајкл Џексон со својата долгогодишна девојка Моли (ФОТО)Принс Џексон, најстарото дете на покојниот Мајкл Џексон, се вери со својата долгогодишна девојка Моли.Тој вчера ја објави својата свршувачка. Џексон објави серија заеднички фотографии и откри дека се во врска осум години. „Моли и јас поминавме многу време заедно и создадовме неверојатни спомени“, напиша Принс. Заедно со пораката, Принс вклучи фотографија од себе и неговата свршеница како се бакнуваат додека таа ја става раката на неговите гради за да го покаже својот веренички прстен. „Патувавме низ светот, дипломиравме и пораснавме заедно. Возбуден сум за ова следно поглавје во нашите животи додека продолжуваме да растеме и да создаваме прекрасни спомени. Те сакам“, додаде тој. View this post on Instagram A post shared by Prince Jackson (@princejackson) Неговата објава содржеше и трогателна алузија на семејното наследство. Тој објави фотографија од себе, Моли и неговата баба, Кетрин Џексон, пред Хејвенхерст, долгогодишниот имот на семејството Џексон во Енсино, Калифорнија. Врската беше објавена во 2018 година Во март 2018 година, Принс објави дека е во врска со Моли, по повод нивната прва годишнина. Подоцна истата година, Принс зборуваше за Моли на настанот DDJF Costume for a Cause на Фондацијата Ди Ди Џексон во октомври. View this post on Instagram A post shared by Prince Jackson (@princejackson) „Постои рамнотежа во сè. Таа е многу, не сакам да кажам спротивна од мене, но комплементарна на начин што се балансираме еден со друг. Јас сум поагресивен, таа е малку помека“, рече тој. Морале да носат маски во јавност Освен Принс, Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, има уште две деца: Парис и Бленкет. Кога биле деца, морале да носат маски во јавност затоа што Мајкл сакал да ги скрие нивните идентитети. View this post on Instagram A post shared by Prince Jackson (@princejackson) Принс еднаш рекол: „Татко ми ми зборуваше како на возрасен. Ни кажа дека причината зошто носиме маски е затоа што сака да живееме без него. Не мислам дека некогаш сум размислувал дали другите деца живееле така кога биле помлади. Но, кога дознав кој е тој, сфатив дека тоа не е нормално. Се сеќавам дека бев во Дизниленд и отидов до прозорецот и сите фанови ми мавтаа и ме фотографираа. Мислев дека е нормално во тоа време, па само мавнав“, рече Принс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и СедларцеДенеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаНад 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии.Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот. „Гарантирани пензии“ и „Заштитете ги“ беа напишани на транспаренти што ги држеа некои од демонстрантите. Околу 25.000 луѓе протестираа, според податоците што градската администрација на Мадрид ги достави до АФП. Демонстрант: Младите се разбудија Хуан Фернандез (38), државен службеник во Севиља, рече дека живее „во неизвесност“ за својата идна пензија и се спротивставува на реформата на системот, која, според него, би ја отворила вратата за приватизација во која би имало и победници и губитници. „Пензиите мора да бидат недопирливи!“ додаде Пилар (64), кој е пред пензионирање, жалејќи се на „општата тенденција кон приватизација“. Таа, исто така, го поздрави фактот дека „прашањето за домувањето предизвика силна мобилизација“ во последните недели, особено кај младите луѓе кои, како што рече, „се разбудија“ и повика на „одбрана на сите јавни услуги“, како што се „образованието и здравството“. 🔴 Miles de personas se manifiestan en Madrid por el derecho a las pensiones dignas 📹 @Emi_SanchezH https://t.co/IVnT8Djdp6 — EL PAÍS (@el_pais) October 24, 2026 Лидерот на десничарската опозиција: Ќе ги зголемиме пензиите ако победиме Во понеделник, лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњез Фејоо објави дека неговата Народна партија (ПП) ќе ги зголеми пензиите во согласност со законот ако победи на предвремените парламентарни избори на 29 ноември. Притоа, тој одговори на обвинувањата од владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), која тврди дека ПП сака да го реформира пензискиот систем со оспорување на сегашниот механизам за индексирање на пензиите со инфлацијата, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година. На крајот на 2021 година, ПП гласаше против тој закон, критикувајќи ја неговата цена за државниот буџет. Во Шпанија, просечната пензија во септември изнесуваше 1.576 евра месечно, според податоците од Министерството за социјално осигурување.Тагови: демонстранти Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј. Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство. По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење. Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент. Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство. На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората. Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ. Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија. Македонска православна општина за Мелбурн и ВикторијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook