МакедонијаСе уште активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова ШапкаСе уште е активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка. За останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), информира АМСМ. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, од утре ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино). Поради тоа сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена. АМСМ потсетува дека патниот правец Крушево - село Долно Дивјаци - село Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 4 април 2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај, а може да се користи регионалниот пат село Пуста Река - Крушево. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Тагови: АМСМ сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО.Битола: 25 год. од загинувањето на воените резервисти кај ГајреДенес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. Свежо цвеќе во име на градоначалникот на Битола и Општина Битола положи заменик градоначалничката Марина Крстиќ, претставници од Советот на Општина Битола, министерства, политички партии, семејствата на загинатите бранители и други граѓани. Нека им е вечна славата на нашите херои Влатко, Пеце и Благојче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаМанасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДСДипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја.Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период од 2027 до 2029 година. За првпат од независноста, ќе бидеме дел на едно од главните тела на системот на Обединетите нации. Ова е историски успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба, на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но која носи конкретни резултати. Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува за периодот до ноември 2025 година, испраќа важна политичка порака, а тоа е дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност како и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО алијансата. Имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика. Пост-мониторингот со Советот на Европа е завршен со што ги исполнуваме сите демократски капацитети како држава. Имаме стратешки договори со Унгарија, Хрватска, Обединетото Кралство и САД. Но, исто многу важно во делот на дипломатијата конкретно во делот со Бугарија е дека по долги години потчинување, понижување и неработење од страна на тогашната влада предводена од СДС, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот како и самиот Балкан. Почитувани граѓани, Додека едните се сликаа на автопати со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека другите потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на евроинтегративниот процес, со реални ефекти, со реални резултати и со државнички однос кој денес го поздравуваат голем број на функционери од земјите членки на ЕУ. Затоа на СДС, дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им пречи. Затоа што за нив единствен успех би бил ставањето на Бугарите во Уставот за редефинирање на македонската историја. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКавадарци домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во МакедонијаКавадарци беше домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во Македонија, значаен настан кој обедини истакнати професионалци, академски кадар и претставници од индустријата. Средбата претставуваше платформа за размена на стручни знаења, искуства и современи практики, како и за продлабочување на соработката меѓу инженерската заедница и стопанството. Во текот на настанот беше нагласена клучната улога на машинските инженери во технолошкиот развој, индустриската конкурентност и поттикнувањето на иновациите. Ваквите иницијативи имаат особено значење за унапредување на инженерската професија и за создавање нови можности за професионален развој, соработка и одржлив економски напредок, напиша на својот профил на фејсбук градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55