Се снима „Матрикс 5“ - Канал 5

Се снима „Матрикс 5“

 Aмериканското филмско студио „Ворнер брос“ објави дека се подготвува снимањето петти дел од серијалот „Матрикс“. Тоа ќе биде првиот филм нережиран од Лана или Лили Вачовски.

Се снима „Матрикс 5“

Наместо тоа, сценаристот на „Марсовецот“ (The Martian), Дру Годард ќе го напише и ова сценарио, ќе режира и ќе продуцира со неговата колешка Сара Есберг. Лана Вачовски е вклучена како извршен продуцент. Сѐ уште не се знае кој од досегашните главни ѕвезди на „Матрикс“ - Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги, и ќе им се придружи на Јахја Абдул-Матин Втори, Џонатан Гроф, Нил Патрик Харис и Пријанка Чопра Џонас кои веќе го потпишале своето учество.

Годард беше номиниран за Оскар за пишувањето на „Марсовецот“, научно-фантастичната сага во режија на Ридли Скот и со Мет Дејмон во главната улога.

- Не е претерано да се каже дека филмовите „Матрикс“ го променија и киното и мојот живот. Извонредната уметност на Лана и Лили ме инспирира секојдневно и јас сум неизмерно благодарен за можноста да раскажувам приказни во нивниот свет, изјави Годард.

Филмската приказна за „Матрикс“ почна 1999 година и се претвори во еден од највлијателните научно-фантастични серијали во историјата на филмот. Следеа три продолженија: „Матрикс: Повторно наполнет“ (The Matrix Reloaded) и „Матрикс: Револуции“ (Matrix Revolutions) од 2003., и „Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix Resurrections) од 2021 година. Последниот, четврти дел заработи само 159 милиони долари ширум светот наспроти буџетот од 190 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)

По целовечерната, исклучително напната седница обележана со инциденти и масовни протести пред зградата на парламентот, чешката владејачка коалиција (АНО, СПД и Возачи) усвои предлог за укинување на телевизиските и радио претплатничките такси.

Прага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)

На предлог на претседателот на Парламентот, Томи Окамура (СПД), дебатата беше скратена, барањата на опозицијата за паузи и отфрлање на законот беа отфрлени, а гласањето се одржа во невообичаено време - во 4:36 часот наутро, објави Блеск.

Седницата беше прекината во 5:03 часот наутро и одложена до 3 ноември, додека законот беше испратен до комисиите на разгледување.

Додека седницата продолжуваше во салата со тропање по парламентарните клупи и свирчиња, стотици граѓани на Прага демонстрираа против оваа одлука на блискиот плоштад Малострански. Околу 21:00 часот, обезбедувањето мораше да придружи околу десетина граѓани од галеријата на парламентот поради свиркање и развевање на транспарентот „Слобода за медиумите“, а потоа неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да влезат во зградата на парламентот, што полицијата го спречи. Полицијата потоа приведе едно лице кое, околу половина час по полноќ, се обиде да фрли калдрма кон зградата на парламентот.

Опозицијата остро го осуди присилното гласање ноќе и начинот на кој беше прекината дебатата. Претседателот на ОДС, Мартин Купка, ги нарече настаните „тотални глупости“ и ја праша коалицијата:

„Ќе гласаме за слободата и независноста на медиумите во 4:36 часот наутро. Прекрасно. Кој краде во темнина? Крадци на слободата и независноста на медиумите.“

Лидерот на движењето СТАН, Вит Ракушан, ги оцени постапките на владата како демонстрација на кукавичлук.

- Под закрилата на темнината во 4:36 часот, кога повеќето луѓе во оваа земја сè уште спијат, вие го протуркавте ова... Ќе го запомнам овој пат: 4:36, 24.10. Во овој момент започна крајот на владата на Андреј Бабиш.

Опозицискиот лидер Здењек Хржиб го нарече преминот кон буџетско финансирање „комунистичка национализација “, додека поранешниот министер Маријан Јуречка (KDU-ČSL) го критикуваше премиерот Бабиш за тоа што дискутирал за законот ноќе, споредувајќи го со методите на поранешната тајна служба StB.

Од друга страна, премиерот Андреј Бабиш (ANO), кој не присуствуваше на утринското гласање, ги обвини лидерите на опозицијата за поттикнување немири.

- Ја повикувам опозицијата да престане да ја ескалира ситуацијата во општеството. Не се води војна за независни медиуми. Нема борба за демократија, ниту пак се планира социјализација или национализација на медиумите.“

Министерот за култура Ото Клемпирц (во име на Возачите) нагласи дека преминот кон буџетско финансирање не ја загрозува независноста на медиумите и дека претставува легитимна европска практика, додека Томио Окамура (СПД) изјави дека јавниот сервис работи против народот.

- Неверојатно е грубо и неморално да плаќам за нешто што не го користам, а кое работи против моите интереси, против интересите на мојата земја и мојот народ.

Опозицијата најави продолжување на борбата против законот и поднесување на амандмани во второто и третото читање, како и во Сенатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем руски напад на Украина- меѓу загинатите има и деца (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а 78 се повредени во руски напади низ Украина во изминатите 24 часа, според локалните власти. 

Голем руски напад на Украина- меѓу загинатите има и деца (ВИДЕО)

Утрово, Москва го нападна и Киев, каде што дрон удри во станбена зграда, пишува The Kiev Independent.

Во раните утрински часови, руски дрон се урна во станбена зграда во областа Оболон во Киев. Воената администрација на градот Киев објави дека две лица се повредени и дека избувнал пожар.

Жртви во Чернигов

Руските сили го нападнаа и градот Чернигов. Според локалните власти, еден маж е убиен, а најмалку 25 лица се повредени.

Во Чернигов е издадена воздушна тревога околу 13:40 часот по локално време поради закана од ракети. Неколку минути подоцна, украинските воздухопловни сили известија дека беспилотни летала и крстосувачка ракета од типот „Бандерол“ се приближуваат кон градот.

Градскиот совет на Чернигов соопшти дека целите биле две приватни компании, но не даде дополнителни детали.

Гранатирање во Донецката област

Обвинителството на Донецката област соопшти дека едно лице е убиено, а шест други, меѓу кои и три деца, се ранети во руското гранатирање на станбена област во Краматорск, град на фронтот.

Во Славјанск, друг град на фронтот, 62-годишна жена е убиена, а четири други се повредени во руските напади вчера, напиша градоначалникот Вадим Љах.

Во Днепропетровската област, едно лице е убиено, а осум други се повредени во напад врз градот Днепар. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа изјави дека уште три лица се ранети во областа Пидхородненскаја.

Во напад со руски дрон врз градот Житомир на 23 октомври беа повредени девет лица, меѓу кои и две деца, објави украинската полиција.

Напади во повеќе региони

Гувернерот на Харковската област Олех Синехубов изјави дека руските сили раниле седум лица, меѓу кои 12-годишно девојче и 13-годишно момче. Тој додаде дека станбени згради, деловни објекти и бензински пумпи се оштетени или уништени во нападите. Во регионот Херсон, руските сили нападнаа станбени области и повредија шест лица, објави регионалната воена администрација.

Три лица се повредени во руските напади во регионот Одеса. Гувернерот Олех Кипер изјави дека Русија погодила рекреативен објект, административна зграда и магацин.

Во регионот Сум, Русија изврши 40 напади врз 25 населени места. Пет лица се повредени во неколку општини, а регионалната воена администрација наведува дека тревогата за воздушна закана траела вкупно повеќе од 18 часа.

Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили лансирале 126 дронови преку ноќ, од кои 61 биле со млазен погон. Украинската одбрана успеала да неутрализира 101 беспилотно летало, вклучувајќи 50 млазни.

Русија оваа година го зголеми производството на дронови со млазен погон, кои се многу потешки за соборување од постарите модели со пропелер. Од друга страна, Украина ја подобри стапката на пресретнување на вакви авиони во последниот месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиен е уште еден бугарски бизнисмен- сопругот на неговата бизнис партнерка е меѓу приведените

Еден од тројцата мажи приведени од бугарското Министерство за внатрешни работи за убиството на Слави Бинев во населбата Павлово во Софија е сопруг на неговата деловна партнерка.

Убиен е уште еден бугарски бизнисмен- сопругот на неговата бизнис партнерка е меѓу приведените

Бинев и неговата сопруга имале заеднички бизнис со жената, која е вклучена во големи градежни проекти, првенствено во Пловдив и Софија, дознава бугарскиот весник „24 часа“.

Сопругот на жената, кој е еден од тројцата приведени, тренира теквондо во Турција.

Се претпоставува дека зад убиството стојат нерешени финансиски односи. Бинев и осомничениот се познаваат многу години.

Полицијата вели дека Бинев е убиен во својот дом во населбата Павлово во Софија, и дека полицијата добила дојава утрово околу 10:20 часот по локално време, објави бугарскиот „Дневник“.

Бугарските медиуми објавија дека Бинев бил застрелан, и дека тројца осомничени биле приведени на автопатот и дека биле вооружени, а „Дневник“ пишува дека приведените лица ја познавале жртвата и дека веројатно имало финансиски спор меѓу нив. Ова е второ убиство на бизнисмен во Бугарија во изминатиот месец.

Две оружја се пронајдени во автомобилот во кој беа приведени тројца мажи, уапсени за убиството на Слави Бинев. Полицијата ги фати во реонот на тунелот „Трајанова порта“ на автопатот „Тракија“. Сите тројца имаат чисти досиеја. Двајца од Турците се постојани жители на Бугарија.

Двајца од приведените имаат турски имиња, а третиот маж е Бугарин. Мотивот за убиството се утврдува. Според првичните информации, станува збор за личен конфликт, објавува 24chasa.bg.

Бинев (60) беше бугарски бизнисмен, поранешен член на Европскиот парламент и поранешен претседател на Бугарската федерација за теквондо.

Во 1992 година, Бинев ја освои европската титула во теквондо на Отвореното Европско првенство што се одржа во Целје, Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер