Фрлени молотови коктели врз Рускиот културен центар во Прага, полицијата трага по напаѓачите - Канал 5

Фрлени молотови коктели врз Рускиот културен центар во Прага, полицијата трага по напаѓачите

Чешката полиција започна истрага откако неколку молотови коктели биле фрлени врз Рускиот центар за култура и наука во Прага, јави ДПА.

Фрлени молотови коктели врз Рускиот културен центар во Прага, полицијата трага по напаѓачите

Полицијата во чешката престолнина соопшти дека се трага по сторителите на нападот што се случил синоќа. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.

Таканаречениот „Руски дом“, кој се наоѓа во близина на руската амбасада во дипломатскиот кварт Дејвице, е под управување на руска државна агенција која се наоѓа на листата со санкции на Европската Унија поради ширење пропаганда на Кремљ. И покрај санкциите, центарот продолжува да нуди јазични курсеви, да доделува награди за превод и да прикажува руски филмови.

Противниците на неговата работа подолго време бараат затворање на објектот, кој постои во Прага од 1971 година. Минатиот април, десетици активисти од иницијативата „Глас на Украина“ протестираа пред зградата против руската инвазија врз Украина.

Тогашниот руски амбасадор во Чешка, Александар Змеевски, подоцна се пожали на, како што рече, „нездравата атмосфера“ во Прага.

Инаку, Чешкиот центар во Москва беше затворен уште во март 2022 година, веднаш по почетокот на целосната руска инвазија врз Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

По масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа.

Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута.

Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа.

Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе.

Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација.

Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден.

-Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец.

Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица.

-Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика.

Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари.

Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годината

Речиси педесет тони  небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Околу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годината

Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори..

Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер