Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
2Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
3Војска на улиците на Париз и Милано, десетици илјади протестираат- Ова ќе биде долг ден, вели министерот Нуњез (ВИДЕО)
СветСе распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на ТеслаАмериканскиот технолошки милијардер Илон Маск објави дека актуелниот претседател на САД Доналд Трамп се споменува во досиејата поврзани со осрамотениот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн.Ова е последниот во низата напади меѓу двајцата, чијашто врска драматично се влоши и ескалираше во јавна расправија на социјалните мрежи во последните 24 часа. Во објава на социјалната мрежа Икс, Маск напиша: „@realDonaldTrump е во досиејата за Епштајн. Тоа е вистинската причина зошто тие сè уште не се објавени. Запомнете ја оваа објава. Вистината ќе излезе на виделина“.Потоа сподели видео од Трамп од забавите на Епштајн. 🤨 https://t.co/DTdfJWydLS — Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025 Тој не понуди докази за тврдењето. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го отфрли коментарот, велејќи: „Ова е несреќна епизода од Маск, кој е незадоволен од ‘големиот, прекрасен закон’ затоа што не ги вклучува политиките што ги сакаше. Претседателот е фокусиран на донесување на овој историски закон.“ Епштајн се самоуби во затворската ќелија во август 2019 година додека чекаше судење за трговија со малолетници. Во друга објава, Маск ги нападна царините на Трамп, предупредувајќи дека „ќе предизвикаат рецесија во втората половина од годинава“. Тој исто така повика на создавање нова политичка партија што би ги претставувала „80% од умерените“. Маск најави дека компанијата „SpaceX“ веднаш ќе почне со повлекување на вселенското летало „Драгон“, откако Трамп се закани дека ќе ги откаже владините договори со неговите фирми. „Драгон“ е единственото американско летало што може да превезува астронаути до и од Меѓународната вселенска станица. Расправијата предизвика пад на акциите на Тесла за околу 150 милијарди долари, со дневен пад од 14,3 отсто. Размената на обвинувања продолжи и откако Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од Маск, кого претходно го нарече „напорен“ и тврди дека самиот го повикал да се повлече од функцијата „специјален владин службеник“, како и дека ја укинал обврската за задолжително купување на електрични возила. „Го известив месеци однапред дека ќе го направам тоа. Тој полуде!“, напиша Трамп на платформата Truth Social. Трамп изјави и дека е „разочаран“ од Маск поради неговите критики за законот за даноци, кој вклучува даночни олеснувања од неколку трилиони долари и беше донесен од републиканците во Претставничкиот дом во мај. Маск, пак, го нарече законот „одвратна грдотија“ и објави дека никогаш не му бил презентиран пред да биде изгласан „среде ноќ“. Маск, пак, во нова објава тврдеше дека тој е заслужен за изборниот успех на Трамп. „Без мене, Трамп ќе ја изгубеше изборната трка, Демократите ќе го контролираа Конгресот, а Сенатот ќе беше 51-49 во корист на Републиканците“, напиша тој. Ова доаѓа откако Трамп изјави дека Маск „има синдром на омраза кон Трамп“ и дека „му помогнал многу“. Во објава на Трут Соушал, Трамп рече: „Илон ми стана здодевен, го замолив да си замине, го укинав неговиот мандат за електрични возила што никој не го сакаше“. Маск неодамна го напушти водењето на Одделот за ефикасност на владата (ДОГЕ) Според „Скај њуз“, пред да се прошири веста, таткото на Маск изјавил дека неговиот син „не е многу добар политичар“, но дека „нема раздор меѓу него и Доналд Трамп“. Тагови: Доналд Трамп Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии.Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот. „Гарантирани пензии“ и „Заштитете ги“ беа напишани на транспаренти што ги држеа некои од демонстрантите. Околу 25.000 луѓе протестираа, според податоците што градската администрација на Мадрид ги достави до АФП. Демонстрант: Младите се разбудија Хуан Фернандез (38), државен службеник во Севиља, рече дека живее „во неизвесност“ за својата идна пензија и се спротивставува на реформата на системот, која, според него, би ја отворила вратата за приватизација во која би имало и победници и губитници. „Пензиите мора да бидат недопирливи!“ додаде Пилар (64), кој е пред пензионирање, жалејќи се на „општата тенденција кон приватизација“. Таа, исто така, го поздрави фактот дека „прашањето за домувањето предизвика силна мобилизација“ во последните недели, особено кај младите луѓе кои, како што рече, „се разбудија“ и повика на „одбрана на сите јавни услуги“, како што се „образованието и здравството“. 🔴 Miles de personas se manifiestan en Madrid por el derecho a las pensiones dignas 📹 @Emi_SanchezH https://t.co/IVnT8Djdp6 — EL PAÍS (@el_pais) October 24, 2026 Лидерот на десничарската опозиција: Ќе ги зголемиме пензиите ако победиме Во понеделник, лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњез Фејоо објави дека неговата Народна партија (ПП) ќе ги зголеми пензиите во согласност со законот ако победи на предвремените парламентарни избори на 29 ноември. Притоа, тој одговори на обвинувањата од владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), која тврди дека ПП сака да го реформира пензискиот систем со оспорување на сегашниот механизам за индексирање на пензиите со инфлацијата, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година. На крајот на 2021 година, ПП гласаше против тој закон, критикувајќи ја неговата цена за државниот буџет. Во Шпанија, просечната пензија во септември изнесуваше 1.576 евра месечно, според податоците од Министерството за социјално осигурување.Тагови: демонстранти Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаМакедонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј. Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство. По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење. Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент. Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство. На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората. Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ. Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија. Македонска православна општина за Мелбурн и ВикторијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДрама во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)Драматични снимки од Калифорнија покажуваат минувачи како брзаат да му помогнат на човек додека тој се подготвува да скокне од кабината на камион што виси над патот.Луѓето се собираат под кабината и простираат ќебе, обидувајќи се да го ублажат неговиот пад, пренесоа Независне. Видеото го прикажува човекот како излегува од вратата на камионот, а потоа виси над патот. Минувачите држат простирано ќебе под него. Потоа човекот се пушта и паѓа кон толпата луѓе кои се собрале да му помогнат. WATCH: Strangers rush to help as a man prepares to jump from a truck hanging over a California highway. Dramatic footage captures bystanders gathering beneath the dangling cab, stretching out a blanket as the man climbs through the door and hangs above the roadway before letting go. The moving truck crashes into a center divider after colliding with a sedan on I-5 in San Diego. Four occupants of the car are hospitalized, while the truck's two occupants decline medical treatment. — Fox News (@FoxNews) October 23, 2026 Камион во движење се судрил со патничко возило на автопатот I-5 во Сан Диего, пред да удри во средната пречка. Кабината на камионот останала да виси над патот по судирот. Четири лица во патничкото возило се однесени во болница. Степенот на нивните повреди не е веднаш познат. Двете лица во камионот одбиле медицинска помош.Тагови: Калифорнија камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38