Се појавија жешки снимки од Бен Афлек и Џенифер Лопез (ФОТО) - Канал 5

Се појавија жешки снимки од Бен Афлек и Џенифер Лопез (ФОТО)

Официјално е. Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно.

Се појавија жешки снимки од Бен Афлек и Џенифер Лопез (ФОТО)

Двојката е снимена како се бакнува во јавност за време на вечерата во Малибу, првпат откако ја обновија својата романса.

Иако изворот тврди дека на парот и се придружило и семејството на Џенифер по повод 50-тиот роденден на нејзината сестра Линда, Бен и Џенифер имале очи само еден за друг. Двојката се прегрнувала, бакнувала и разменувала нежности на масата за време на вечерата. Со нив биле децата што Џенифер ги има од бракот со Марк Ентони, 13-годишниците Макс и Ема.

Фотографиите се објавени од Page Six..

За време на вечерата, близнаците се упатиле кон Бен и Џенифер за да им покажат нешто на својот телефон. Не е изненадување што Афлек се обединува со поширокото семејство Лопез, бидејќи беше објавено дека Џенифер има одобрување од нејзината мајка.

Афлек и Лопез, кои беа верени уште во 2002 година, во април првпат започнаа гласини дека се повторно заедно. Нивната романса започна само неколку недели по раскинувањето на Џеј Ло со свршеникот Алекс Родригез. Оттогаш, парот се обидува да помине што повеќе време заедно. Во мај, младенците отпатуваа во ултра-ексклузивниот клуб Јелоустоун во Монтана, а неодамна изнајмија куќа за одмор во Мајами. Лопез наводно планира да се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Бројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји.

Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица.

Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница.

Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина.

Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. 

Сончево и топло, попладне нестабилно

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер