3Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
Шоу бизСе појави трејлерот на филмот за Мерлин Монро, ја игра една од најубавите жени на светот(ВИДЕО)Netflix го објави официјалниот трејлер за биографскиот филм Blonde во режија на Ендрју Доминик, во кој една од најубавите жени во светот, Ана де Армас, ја игра холивудската икона Мерлин Монро.Филмот, базиран на бестселерот „Русокоса“ на Џојс Керол Оутс, ќе ја доживее светската премиера во конкуренција на филмскиот фестивал во Венеција. „Русокоса“ е еден од најочекуваните наслови што ќе се натпреваруваат на фестивалот во Венеција. Шефот на Канскиот филмски фестивал Тиери Фремо претходно изјави дека се обидел да го вклучи во програмата за 2022 година, но не успеал да постигне компромис со Нетфликс. Стриминг гигантот не се натпреварува во Кан од 2017 година поради правилото на фестивалот дека сите филмови што се натпреваруваат мора да се прикажуваат во кината во Франција. Оутс ја опишал Blonde како феминистички филм, кој има за цел да поттикне дебата меѓу современата публика. „Начинот на кој Кенеди се однесуваше со Мерлин Монро не беше и сè уште не е толку различен од начинот на кој многу моќни мажи, особено во Вашингтон, ги третираат сите жени освен нивните сопруги“, изјави Оутс за Vanity Fair France. „Амбициите на Ендру беа многу јасни од самиот почеток. Тој сакаше да го претстави животот на Мерилин Монро. Сакаше светот да го доживее чувството да се биде Мерилин. Мислам дека ова е најхрабриот нераскажан поглед на нејзината животна приказна што некогаш е виден“, изјави Ана Де Армас неодамна, на која во филмот ќе ѝ се придружат Боби Канавал, Адриен Броди, Џулијан Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс. Blonde пристигнува на Нетфликс на 28 септември 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
НБАСемејството на починатиот НБА-кошаркар ќе ја добие неговата последна годишна плата од 12,5 милиони долариНа семејството на покојниот кошаркар на „Мемфис Гризлис“, Брендон Кларк, ќе му биде исплатен преостанатиот дел од неговиот договор вреден 12,5 милиони долари, потврди извор од НБА.Брендон Кларк почина на 11 мај, на 29-годишна возраст. Според извештајот од Лос Анџелес, неговата смрт е прогласена за несреќен случај, а причината била комбинираното дејство на хероин и кокаин. За време на својата седумгодишна НБА-кариера, Кларк играше исклучиво за Мемфис. Тој беше избран како 21-ви пик на драфтот во 2019 година од страна на Оклахома Сити Тандер, по што беше разменет во Гризлис. Уште во својата дебитантска сезона покажа голем потенцијал, а во 2020 година беше меѓу петте најдобри дебитанти во НБА. Кариерата ја заврши со просек од 10,2 поени и 5,5 скока по натпревар, одигрувајќи вкупно 309 натпревари во регуларниот дел од сезоната. По неговата контроверзна смрт во јавноста с епојавија неколку верзии за исплатата на последната година од неговиот договор. Новите информации се во спротивност со претходните извештаи дека семејството на Кларк нема да добие пари од последната година од неговиот договор. Според Кевин О'Конор, договорот на Кларк со „Мемфис Гризлис“ бил целосно осигуран во случај на негова смрт, што значи дека на неговото семејство треба да му се исплатат сите 12,5 милиони долари. Претходно, „Front Office Sports“ објави дека семејството нема да ги добие парите, но изворите на О'Конор од НБА тврдат поинаку. Како што беше објаснето, „Гризлис“ ги надоместуваа трошоците за животното осигурување што го покриваше играчот во случај на смрт. Овој вид договорна заштита е вообичаен во НБА и претставува еден од најсилните облици на финансиска сигурност за играчите. Парите нема да бидат исплатени директно од „Мемфис“ како плата, туку преку осигурувањето. Оваа структура може да понуди и даночни поволности за играчот, поради што животното осигурување често се користи за заштита на големи договори.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ФудбалПредавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријателСитуацијата пред изборот за нов претседател на ФИФА полека се вжештува. Дали Џани Инфантино и понатаму ќе ја води светската фудбалска асоцијација ФИФА по неговите контроверзни одлуки во последниот период. По низата погрешни потези на Џани Инфантино, се чини дека се зголемуваат шансите тој да биде сменет на гласањето во март. Европските федерации, пак, не го послушаа Инфантино и застанаа на страната на УЕФА. Сепак, една голема федерација – француската – би можела да ги изневери останатите и да застане зад Инфантино. Филип Дијало, претседателот на FFF, досега јавно се воздржуваше од коментар за ова прашање и сè уште официјално не ја повлекол својата поддршка за Инфантино. УЕФА стравува дека Франција ќе го изневери планираниот бојкот и дека Диало е „новиот најдобар пријател“ на Инфантино. Во меѓувреме, француската територија Нова Каледонија, која главно гласа исто како Франција, објави соопштение во кое го поддржува Инфантино. Новинарот Ромен Молина, во видеото насловено „Француско предавство“, истакнува дека Диало одлучува самостојно и дека останатите членови на Извршниот одбор на ФФФ не биле информирани. За да го замени актуелниот претседател на ФИФА, на УЕФА ќе ѝ бидат потребни 106 гласа против Инфантино од вкупно 211 членки. Европа има 55 членки.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денариЗа две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците. Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%. За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%. Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан. Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21